(ИЗВАДОК ОД СИСТЕМСКА АРХЕТИПОЛОГИЈА)
1.
Субјектот е оставен сам на себе да лута во дивината на нарцистично господарење. Тој повеќе нема животен сектор (барем не објективно). Целиот животен сектор сега се прелева во него. Самиот субјект и неговото тело се претвораат во симболи на животниот сектор и неговата објективна вредност. Никој не го препознава секторот (поточно сите објективни, потенцијални и идни достигнувања кои субјектот ги брани со живот) и моќта која субјектот ја има во орбитата на секторот, па според тоа, не го прифаќа неговото опипливо повластување. Неговото диспозиционално држење нема сила да убеди и да разубеди. Почетната позиција е дамка врз неговиот авторитет која се шири после секоја пренебрегнувачка постапка на другите, иако сите ја антиципираат громадната духовна димензија на субјектот. Големиот противник го засенува субјектот дури и во очите на другите кои беа „лесно победливи пречки“. Во негово отсуство сé се враќа во нормала, ама срцето продолжува да ги чувствува безбројните бодежи.
Субјектот го чува скржаво секторот и неговите „материјали“ со страв дека ќе ги обезвредни секој кому ќе му ги покаже. Искуството веќе не може да го прелаже. Ги зема со себе како бесценето богатство, во надеж, дека ќе му помогнат да се справи со безмилосната дивина. Ги гледа со страсните очи на лудилото. Нивниот дијамантски сјај е самата суштина на искушението да ги облече во ново божествено руво. Страста го распалува неговиот ум, па во него почнуваат да се формираат спасоносни концепти. Ова слаткогорка ситуација го поттикнува субјектот да размислува за пространството на диспозиционални активности и неговата суштина. Без разлика каков е по природа животниот сектор, како субјектот треба да дејствува за да го спаси своето првенство во секторот и самиот сектор и дали може да го преобрази предизвикот во сопствена придобивка (во која влегува надградбата на животниот сектор), субјектот секогаш „живее“ во ваква метафизичка констелација. Спознанијата што следат најверодостојно, восприемчиво и разбирливо ќе му покажат што значи да се биде тука-битие.
Свеста на субјектот активна во стварноста се дели во исто време на три еквизистентни претстави. Првата претстава го отсликува телесното присуство и држење на субјектот во егзистентноста и неговата психоментална самопозиционираност во одредена екометрична формација. Втората претстава актуелизира некое искуство или замисла, односно во неа се ментализираат одредени содржини што немаат врска со сегашноста и кои имаат техничка предност пред телесното присуство на субјектот и динамичните модификации на егзистентноста. Третата претстава е чисто иманентно-трансцендентно поле, или екстатична ментална непосредност во која може да се формираат потенцијални предмети на интерес.
Сите овие имаат феноменолошки контекст и длабочина. Не се само емпириски доживувања, туку емпириски доживувања предизвикани од страна на моќни интуитивни состојби. Субјектот најпрво не ги антиципира трите претстави психологистички, т.е. не ги претвора во афективни потенцијали кои воспоставуваат сериозна врска со свеста. Тој ги изедначува и хомогенизира во чистата енергија на интуицијата, целите ги натопува со неа; ги оддалечува од свеста и острата афективна природа колку што е можно подалеку и ги претвора во некоја тапа и тешка онтолошка супстанција која зависи само од себе самата и го воздигнува на псевдомистичен начин.
Тоа што субјектот има овде-битие не значи дека се наоѓа само на едно место во космичкиот простор.1 Неговото битие се дисперзира и се поврзува со трите претстави преку три плодоносни, неутрални и неформални состојби. Неговото централно битие е овде-битие, кое ги поистоветува своите фантомски еманации, или епитоми со секоја претстава посебно. Тоа е кординативно јадро кое гарантира дека битијата-при-својата-претстава и претставите ќе бидат еквизистентни и ќе имаат еднаква вредност. Не зависно на која претстава субјектот ќе ѝ даде предност, без разлика кое битие во која претстава ќе го активира повеќе од останатите, неговата интегрална и тројна репрезентативна состојба нема ни најмалку да се поколеба. Секое битие останува при својата претстава за да ја обезбеди врската на претставата со која се поистоветува со централното битие. Слична структура, со когнивитни а не онтолошки основи, ни предложи Сартр кога објасни како свеста се дели на своите функционални корелати. Но, оваа онтолошко-психолошка структура на претставите и дисперзираното битие може силно да се разниша ако субјектот му даде преголема предност барем на едно од битијата-при-својата-претстава и на претставите-во-кои-е-вгнездено-битието. Субјектот мора да го урамнотежува постојано интроспективниот и перцептивен фокус за да не ја изобличи или уништи слоевитата трипартитна структура. Ако не успее да создаде хомеостатски услови за претставите и битијата, субјектот ќе го повреди централното битие, а со самото тоа, себеси како негова пројава која е постојано изложена на проценки.
Тој, субјектот, може да го избере телесното присуство и патогномијата на своето држење. Или може да се сосредоточи врз појавата-со-изглед изолирана во умот, свеста и вообразбата, па да ја ослаби свеста за сопственото присуство во сегашноста. На крај, тој може да ги активира менталните сили како такви за да формира гешталт-поле кое априори ќе го исполни со конзистентни структури и гротескни скечови, па да ги обезвредни дадените ментални содржини. Субјектот ја удвојува стварноста на телесното присуство и самоизвесност во свеста. Тоа не значи дека удвоената стварност се преклопува со изолирана ментална актуелизација и останува постојано фиксирана за неа. Актуелизираниот двојник почнува да живее свој живот, се откачува од својот екстензивен центар. Колку и да е идентична првата претстава со стварноста во која битисува субјектот и во која се пројавува неговото тело, таа стекнува самостојност и може да се разгледува на овој или оној начин независно од стварноста и нејзините вистинити отпечатоци. Само под овој услов, може да постои централно битие и централното битие да се дисперзира на поединечни битија сместени во нивните претстави. Вака се формира и дијахронично растојание, кое акутното психичко време го раздвојува од времето организирано метрички. Кога телесното присуство, неговите динамики и пројавувања како такви ќе се одделат од централното битие кое свој почеток има во удвојувањето на стварноста, во исто време се издвојуваат двете форми на времето (метричкото и акутното) и трите типови на претстави. Притоа, секое битие-во-својата-претстава се заканува дека ќе го засени другото битие и неговата претстава, без разлика дали субјектот се движи од стварноста кон интуицијата, или од интуицијата кон стварноста. Оваа потенцијалност е прво обележје на ентрописките можности.
Прв диспозиционален предизвик за субјектот не е да се преобрази во овде-битие. Тој може да се „преобрази“ на тој начин и на почеток да ги исполни основните критериуми, односно ќе воспостави првична хомеостаза помеѓу битијата и претставите. Но за скоро, структурата ќе почне да се изобличува, нејзините сегменти ќе почнат незгодно да се изместуваат на разни места. Субјектот нема да знае што попрво да поправи. Едни битија и нивните претстави ќе го пробијат полето на други битија и нивните претстави. Удвоеното ќе се меша во активноста на чистото трансцендентно-иманентно поле. Првото е премногу круто, последната премногу флексибилна. Едноставно нема да најдат заеднички јазик, без оглед дали можат да се поврзат асоцијативно. На прв поглед, интуицијата може да и даде непосредно значење на секоја чиста антиципација. Но и интуицијата е немоќна ако значењето не е поврзано со дадена или потенцијална контекстуална целина. Изолираната појава-со-изглед (која во никој случај не е асоцијативно поврзана со стварноста) ќе проникне во удвоената содржина, па ќе и го релативизира врамениот контекст. Чистото2 иманентно-трансцендентно поле може да ги проголта како во вртлог останатите битија-во-своите-претстави со непоместливата хиперрефлексивна точка. Или ќе се прицврсти за сегменти на појавата-со-изглед, па ќе ги претвори во објекти на апсолутната хиперрефлексија. Субјектот нема да може да го поднесе овој хаос. Целосно ќе му се врати на телесното присуство со свеста и ќе се фиксира за стварноста таква каква што е. Тоа ќе му донесе само горчина, затоа што, ќе биде полошо од најлошиот безизлез. Во таквиот хаос нема да се снајдат дури ни вентралната и дорсалната функција на вниманието. Нема да знаат кој крај да го фатат. Место вентралната функција да ги координира иманентно-трансцендентните моменти и движења, а дорсалната функција да ги уреди видливите ментални содржини, пројави и динамики, двете ќе бидат столчени под нозете на вознемирените слонови наречени претстави-што-содржат-битија и битија-во-свои-претставите.
Според тоа, не е проблем тоа што субјектот нема капацитет да се претвори во централно битие, па да се раздели на битија-при-своите-претстави. Тој е неискусен и не може да постигне претставите и битијата да се огледуваат едни во други без да го нарушат совршеното и дивергентно наместено единство. Битијата и претставите не само што мораат да се огледуваат едни во други совршено и без несоодветни вмешувања едни кај други, туку мораат да се ускладат со животната цел на субјектот, односно со визиите на можноста-да-биде-велик. Овие визии треба да ги дисциплинираат битијата и претставите, да ги воспитаат да размислуваат со една свест и да следат само една цел.
Секоја од трите претстави го содржи битието на субјектот на разни начини. Удвоената стварност која може да се интроспектира модусно го содржи субјектот буквално и целата се сосредоточува не неговото присуство и покрај тоа што субјектот се наоѓа во одреден егзистенцијален контекст. Произволната или реминисцентна појава-со-изглед, повеќе се сосредоточува врз контекстите на величие поврзани со субјектот, отколку врз субјектот како таков. Најпосле, интуицијата, или нејзините трансцендентно-иманентни пројави, ги изедначуваат контекстите на стекнување величина и диспозиционално самопројавување со „мегаломанската“ личност на субјектот. Под битие кое му припаѓа и го симболизира субјектот, а се поистоветува со одредена претстава, не се подразбира само субјектот како телесна монада, туку сите асоцијации и контексти поврзани со неговата можност-да-биде-велик.
Исто така, трите претстави се разликуваат од своите содржини. Тие го задаваат тонот на содржината, создаваат одредени конструктивни рамки и правила на обликување, ја типологизираат во согласност со елементите кои имаат приоритет во нив. Покрај тоа, претставите и нивните битија можат да се усогласуваат, да се поистоветуваат од одреден аспект и да се преклопуваат ако нивните сегменти се кохерентни. На пример, појавата-со-изглед може да содржи телесно држење и субјективно пројавување кои и припаѓале на одредена стварност, а сега се пресадени во друг, можеби измислен можеби сегашен, егзистенцијален и диспозиционален контекст. Или субјектот може сегашниот контекст да му ги припише на замисленото држење кое субјектот никогаш не го испробал на себе.
Големиот противник (кој исто така е условен противник затоа што му е роднина на субјектот) го понижи субјектот и несвесно го протера од царството заедно со остатоците од животниот сектор. Но субјектот не се сосредоточи на своето модално присуство-во-светот затоа што му пропадна животниот сектор, туку затоа што се запрепасти од сопствената пасивност и од инфериорното набљудување на ризично поволните настани. Неговата немоќ во дадена околност го поттикна да размислува неговиот хабитус, статус и етос во генерални околности. Дивината на диспозиционални сеништа ја засили свеста за генералните околности. Можноста-да-биде-велик присуствува, едвај преживува скриена во кафезот на сегрегираниот животен сектор и неговите скршени „артефакти“. Останатите парчиња само го потсетуваат дека другите му одзеле се што му е драго и демонстративно го распарчиле пред неговите нозе. Освен тоа, субјектот создаде претстава за односот помеѓу неговиот идентитет и генералната околност, но нема со што да ја поврзе и со што да ја поистовети. Му недостига илустрација, која ќе му даде идни насоки врзани за смислата на важната претстава. Оваа ситуација е едно вртоглаво и неподносливо contradictio in adjectio.
18.
После многу турбулентни трагања по ориентации и после многу испревртувања на познатите искуства, субјектот наоѓа една митолошки профил на човек кој се наоѓа во слична ситуација како субјектот.
Него исто така му го одземаат, она што барем според него е доказ за неговата величина и објект на заслуга, што потврдува дека има извонредна субјективна величина која инкапсулира многу достигнати секвентни величини-на-дофат. Со недобросовесниот и навредлив гест, недобромислениците не само што му го ускратиле ултимативниот симбол на славата, туку го деградирале фактот дека е велик над секоја мера. Во надеж дека ќе го врати „ултимативниот доказ за сопствената величина“, тој, се обидува да го ресимилира објектот на заслугата, така што на конкретното враќање и конкретниот објектот им наоѓа пригодна и исто толку сензационална замена. Херојот е Ајакс со неговата крвожедна делузија и сладострасното осветољубие. Семантичката структура на овој крвав процес и неговите ирационални мотиви ги разгледуваме исцрпно во друг затворен и самодоволен систем на односи. Откако ќе го изврши грозоморното дело, тој се повлекува, па се самоубива, додека парчиња краста на лудилото паѓа од неговата совест и како тешки мечови го расекуваат неговото веќе искасапено битие.
Во трагедијата на Софокле самоубиството се случува зад сцената. Субјектот ја пополнува оваа празнина, па дури ѝ ги жртвува динамичните контексти од драмата, за да вообличи тензична околност која нараснува споро и го мачи срцето на сведоците. Додека го вообразува овој импровизиран драмски сегмент, субјектот не само што ја искривува трагедијата продуктивно, туку преку импровизацијата создава услови за можноста да се поистовети со посрамениот херој. Парчето во кое паричка дала неговата дарба ќе го оживотвори активниот сооднос на претставите што го конституираат овде-битие.
Ајакс се одмора под маслиново дрво. Елегантната крошна носи листенца ситни и нежни како задлабочената посветеност на поетот. Стеблото е како превиткана водена крпа, а во основите дебело како растечено и набабрено тесто; има страшна изветвена форма, па сепак е неискажливо симпатично, како мудроликото тело на старецот. Додека заспива, Ајант го испраќа свежото утро. Без свест ќе ја дочека пеколноврелата полуденица. Краткотрајното студенило на сенката во полињата жолти како жар, го прелажува него додека се опушта претпазливо. Но нејзината волшебна примамливост што присилува на спиење има моќни, заразни сојузници: кротките овци што се движат за да преживуваат, нивните начичкани волнени монади што треперат тивко сплотени како море и мелодичниот шум на брановите благо што го заплиснуваат оддалечениот брег. Како мајката што ја нишка лулашката го тераат херојскиот ум да благоговее и да му се подаде на летниот сон. Час шумоликата музика на брановите го засилува ефектот на колективните овчешки движења кој тера на спиење. Час нивниот нежен, впечатлив и периодичен наплив се бори со движењето на спокојните овци така што ја подбоцнува општата хармонијата. Но тоа не го прави за да го разбуди Ајакс, туку за да додаде своја мајсторија во совршениот рецепт за заспивање. Нивната соблазнителна сила е толку хармонична што не може да не ја достигне целта. Не знае дека колку поспокојно заспива, толку пофантазмично и тешко за носење ќе му биде наивното уживање во кое се впушта како неуките пастири.
Домородната природа го покори најтврдокорниот од хероите! Сончевите зраци ја истеруваат плашливата сенка од неговото чело кое е растегнато од чувство на рајска благопријатност како војска што се бори за стратешка висорамнина. Првите топлински бранови ја подгреваат реваншистичката мечта која го воскреснува болното сеќавање на понижувањето. Откако помисли втонат во полусон, како им дозволил на тројцата неправедници Одисеј, Агамемнон и Менелај да си поиграат со него безмилосно и да го згазат неговиот војнички подвиг, во неговата онирична вообразба бликнаа најсуровите рудименти на сеќавањето. Скоро после тоа, жештината го освојува херојското чело и го пржи властодржечки. Колку посилно врелата плима се шири по телото, толку побистро и поживописно се формира адекватната целина на сеќавањето, делчињата се полесно се склопуваат во долготрајна и мачителна глетка. Сувиот егејски ветар почнува да го бранува морето сè пожестоко, го преобразува во катаклизматичен мираж.
Наизглед му се уподобува на тмурното Ајантово расположение.
Неговата постапка е саркастично апсурдна: со своите воздушни крила намерно не досегнува до проклетото место за починок, затоа што ако ја ослаби високата температура, нема да може да се поистовети со расположението, кое единствено таа го предизвикува! Сега симпатичната динамика на стадото се претвори во колатерална штета, во жален атавизам, запоставен од морските бранови и нивната агресија. Овците не се предмет на интерес бидејќи повеќе не постојат дури ни како претстава во замижените очи. А арогантниот звук на заплиснувањата – кои Ајант ги доживува како шлаканици на тројната херојска измама што не се поправа – сведочи дека солипсистичкиот ритам посебно го задира несвесниот ум! Секој љубител на капење врз своја кожа ја почувствувал поетско-ораторската двосмисленост на морските бранови. Кога бестрашно стои пред нив и им се спротивставува позирајќи го трескаат во градите како што беседникот прави со колебливото битие на слушателот. Кога дружељубиво им скока во пресрет, го навлекуваат на морничавата темнина во длабочините, како поетот кој го слика ужасот на самоволието кое нè турка кон ризичните животни решенија. Сличен е и односот помеѓу музиката на крајбрежјето и нејзиниот нежен заводлив патос и наметливиот тресок на раздивените бранови. Звукот на нежната заводливост се слуша низ продорниот удар на брановите. Но тоа е мамка, која треба да го пренасочи субјектот кон страшните асоцијации кои ги раѓа самиот удар.
Жештината е халуциногена и разорна. Затоа ја поттикнува ранливата мечта да биде креативна на посебен начин. Болката предизвикана од црвените изгореници што на Ајакс му ги нанесува огнениот етер, и го пржат како во рерна без да му обзнанат кога ќе настана и каде, се поистоветува со навредата што поранешните соборци му ја нанесоа нему. Неговата физичка издржливост работи против него. Неотстапно го чува во цврст сон и не му дозволува на ригорозниот притисок да продре и да ги укине неговите волшепства. Веројатно, боговите Еол и Аполон се здружиле за да ѝ го украдат „подвигот“ на Атина и да стават сопствен печат на лудилото кое ќе се пројави како реактивна агресија. Се што insaniam adducens (носи лудило) е неискажливо морничаво. Аполон го заведува, лула и го заспива преку свештената музика на морето и залуланите бранови за да ја огради душата од секакви влијанија на херојската свест која ја чува од перфидни повреди и директни напади. Еол му ги испраќа ветровите за да се вкрстат со пеколната летна жега и да го притискаат се додека неговата душа, исцрпена и измачена не ги роди најужасните фантазми. Но, нивната соработка има и пониски слоеви. Еол се координирал со Аполон и го посоветувал да го заврти сонцето кон Ајакс и да го постави на соодветно место за да ги прогони и здржи спасоносните сенки, за Еол да може да го окупира и прекрие мускулестото тело на Ајакс со жешките ветрови. За возврат, Аполон го научил Еол да свири по морето со своите ветровити раце и му ги дал нотите на природните звуци. Тие соработуваат живо, одважно и вешто, па и овозможуваат на природата да покаже неколеблива власт и да провоцира незапирливо. И покрај тоа што тие управуваат со природата, таа има сопствени моќи: и ја наметнува и втурнува на свеста несовршената слика на понижувањето така што ја напаѓа душата и преку неа – вообразбата; болното сеќавање во претвора во непоместлив застрашувачки објект. Колку поцврст облик поприма морбидната претстава во умот кој не е свесен за стварноста и опкружувањето, толку посилно се разгорува вообразбата и поскржаво ја прегрнува сопствената претстава на понижувањето. Се чини дека субјектот може да размислува додека е во состојба на сон, но неговата мисла е закована за она што му го наметнува вообразбата. Сликата на понижување не само што го измачува Ајакс, туку го присилува да станува несвесно вообразен, го поттикнува да посака да се одмазди несвесно. Затоа станува вообразен. Така се раѓа гневиливиот демон, заштитник на гордоста, што умислил дека блеска занесно затоа што се облекува во тревожното руво на апсолутната самоконтрола. Ајакс ја доживува вообразеноста како форма на правдољубива заложба која се засновува врз нагонот за очистување и оправдување на егоцентичната супериорност. Тоа се негов грев, негова правда и негов суд за чие успешно или неуспешно остварување ќе ги пресуди самиот со што ја зема на себе улогата на Светиот Дух и ја злоупотребува неговата моќ (види Јован 16:8).
Надворешната природа се самоодржува високо во пазувите на сопствената моќ. Таа е подготвена да го издржи секој ентрописки притисок само за да ја притесни душата и да ја присили absolute да се сосредоточи вез оформената претствата, која е час сегментирана, час се пројавува во сето гешталт-единство, час комбинирано. Но таа притиска толку силно што го продлабочува лошото влијание на вообразеното сеќавање. Содржината на сеќавањето е сама по себе дефектна, што значи лошо влијае врз субјектот. Плачливата душа која не може да издржи без заштитата од херојската свест, им се предава на експанзивните влијанија, ја оправдува одмаздата, го потврдува понижувањето. Таа го влошува влијанието и ефектот на сеќавањето. Сеќавањето не го менува контекстот и содржината. Но ранетата душа ги преувеличува реминисцентните околности и вообразбата ја доживува како суров медиум чиј единствен мотив е да ја злоставува, иако и самата вообразба е фрлена во иста злогласна каша. Свеста е активна и присуства во состојбата на сон, ама се автоматизира и се претвора во знак и содржител на реактивните состојби и инстинктивните реакции. Поради сево ова, душата подивува како маченик кој е подготвен да умре предизвикувачки или да се бори храбро само да ја прекине личната агонија. Според нејзиното неотстапно мислење, вообразбата е џелатот кој ја вивисецира садистички на разни начини, односно така што проектира за неа и во неа неподносливи сегменти на понижување. Но секој отпор само го засилува катетично влијание на сеќавањето, ужасните можности што се кријат во антиципацијата, мрачните исходи што не сака да си ги претстави, а ги поттикнува самото сеќавање.
Жештината а пржи масивната фигура на Ајакс безмилосно и упорно. Капките пот паѓаат насекаде и од секаде по неговата глава, како испаничена толпа која знае дека ќе се случи нешто страшно или веќе се случува, па безглаво ита кон пропаст мислејќи дека наоѓа спас. Брановите се нижат едни зад други се поинтензивно и исчезнуваат еден по еден на местото каде што се срушиле, или се разбиваат од карпите како распрснати јазици. Нивниот агресивен ритам пропратен со шупливи тресоци и ситни ржења е се погуст и погуст. И покрај тоа што, оваа разорна интенсификација на надворешните влијанија не го нарушува сонот како таков, ја менува состојбата на работите во душата. Природата-провокатор и дава нова задача на загреаната онирична мечта: непријателите од сеќавањето да ги претвори во буквално присутни личности со кои Ајакс ќе се соочи конечно. Нејзините агенти олицетворени во бесните стихии го вознемируваат заспаното битие на Ајакс со страст на систематичен садист. Место да го разбудат, а интензивната нарегнатост да биде стимул што ќе му ја открие неповолната стварност и невремето како случајно сеприсуство, тој ќе продолжи несвесно да го мечтае сеќавањето и да го подложува на преобрази, исто како што надворешната природа, односно невремето ја злоставува душата. Додека не се оствари циклусот оваа динамика ќе биде нераскинлива. Субјектот може да сонува нешто и истото да го доживува како прекрасна или ужасна мечта која наизглед зависи од неговото расположение и волја; како привлечна претстава која ја повикува свесно и со голема страст и покрај тоа што сонува. Автоматската свест го присилува субјектот да се осврнува и да реагира на внатрешните содржини како да се доброволно прифатени и свесно преживеани афекти. Овие реакции покажуваат колку всушност, сонот и неговите пројавувања раководат со него, а не тој со нив. Сега оваа зависност е доведена до крајност, иако ќе се случат поинтензивни и повозбудливи настани.
Вообразбата и кршливата душа подметнуваат модифициран корелат, за да порасне во структурата на минатото и да ја измени; во минатото кога вообразените и неправедни заповедници на ахејските војски недостојни да се наречат херои го обесправиле па се обидувале да го оправдаат своето злосторство. Во новата верзија на минатото, оказионалните динамики се одвиваат со темпото на агресија што го следи самата природа додека ја камшикува душата и ја присилува вообразбата да ги измени старите искуства и да ги преувеличи старите факти. Физичката природа целосно го контролира душевниот свет на Ајакс и својот карактер им го наметнува на „бесмртните“ настани. Агамемнон, Одисеј и Менелај играат вознемирувачки сатирски танц околу него на местото на извршената неправда која ќе го раскинува одвнатре срцето на Ајакс in aeternum. Го удираат непријателски по телото, а тој е немоќен, бидејќи вознемирувачките движења го зашеметуваат и присилно го занесуваат. Секој бран што се раскршува на ситни капки од острите карпи на брегот и бруталниот звук што го произведува, се преобразува преку вообразбата во жесок удар со рака по телото и образите на понижениот херој. Со гласови бескрајно уверени во моќта на црниот сарказам велат пеејќи „Проречки кој те удри“. Тоа се само острите шумилења на ветрот кој се претвора во огнен бран под дејство на пустинското сонце.
Двојникот што Ајакс го проектира во себе, се разжестува, му се подава на искушението, па почнува да им возвраќа на дрските непријатели. Сите проприоцептивни сетила кои се поврзани со физичкото тело на Ајакс, се интегрираат трансгресивно во движењата на двојникот. Дури и самото тело се става во негова служба. Ајакс го поврзува сопственото тело со двојникот и неговото однесување. Вообразените телесни дејствувања ја позајмуваат грубата материјалност на телото за да станат подлабоки во хиломорфна смисла. Tелото ги антиципира вообразените телесни дејствувања за да му овозможи на Ајакс да ги доживее поверодостојно и да го намали растојанието помеѓу менталните привиденија и конкретните искуства. Се што прави центарот на самопроективниот настан, менталната индивидуација на личноста на Ајакс, е да ја превоспостави високата вообразеност. Ако успее да ги здроби провокаторите, тој ќе се превознесе себеси дотаму што ќе почувствува како „волјата за моќ“ се преобразува во „чиста, иманентно-трансцендентна“ моќ што ја поседува сега и овде. Себепревознесувањето е енергија на непостигнатата вообразеност која се самопостигнува додека струи и расте себепревознесувањето. Духот на трагична реалност ќе го исполни со гнев за да се воздигне над патосот на повреденото его. Волјата која асоцира на храброто дејствување ја енергетизира егоцентричната положба на Ајакс, независно дали е идеално, т.е. артикулирано или не.
Двојникот замавнува по непријателите што го опкружуваат динамично. Ги вложува сите сили за да погоди барем еден од нив со тешките киклопски тупаници. Неговите удари се неприродно спори и тешки за управување. Мава во празно и постојано ги промашува. Тие се како виртуозни танчари, го избегнуваат флексибилно, а секое промашување го претвораат во отровна стрела на неподносливиот потсмев што го прободува безмилосно срцето на Ајакс. Во душата Ајакс води крвава борба, додека во реалноста, неговото згрчено тело одвреме навреме трескаво се поместува заради привидните удари што ги прима двојникот. Срцето му чука пребрзо, не поради возбудливата напрегнатност и тревожната неизвесност, туку затоа што промашувањата го колваат неговото срце посилно од танцот на саркастичните демони.
Денот е во својот зенит и само што не превалил. Сега притисокот е најсилен. Дури не се знае дали екстремната жештина ја поттикнува претставата за активниот и мачен неуспех на Ајакс, или претставата го истакнува сама по себе теророт на жештината. Во меѓувреме, овците исцрпени од пасење и од садистичката постојаност на летната жега се собираат околу последното парче сенка што се повлекува во основната на маслиновото стебло. На Ајакс го опколува прашливото и снежнобело стадо, но е ниско и не може да го заштити од пеколната термосфера. Не само што му е неиздржливо жешко од нивна близина, меѓусебна збиеност и волна, туку не може да дише во толку задушлив простор, исполнет со животинска смрдеа. Оваа сублимирана агонија го присилува да станува се повообразен и повообразен, иако е во крајно немоќна позиција. Неговото лице е целото претворено во симбол на страдањето, па сепак, низ него зграчи светлината на нескршливата гордост. Двојникот исто така, не се предава, иако неговото дејствување нема никаков напредок. Вака вообразеноста се се дифузира и распределува во два идентични медиуми.
Насобрани се многу зајадливи фактори кои го касапат битието на Ајакс. Способноста за создавање несвесни асоцијации помеѓу сонуваното и стварното, го поттикнуваат Ајакс да ја поистовети несопирливата забава на омаловажувачите со смрдеата на овците. Смрдеата на овците и уште погрозната активност на незаборавните злосторници, се како потта на вплетените борци, што ги поттикнува да изведат виртуозен триумфален зафат од позиција на перверзна потчинетост. Заради нив, Ајакс побеснува под дејство на подбуцнатата вообразеност, полудува по втор пат, се разбудува со телото, ама не и со свеста. Будењето е сомнамбулно, што значи, Ајакс не го укинува или преобразува фантазмагоричниот сон, туку го калеми со околностите во стварноста. Околностите се претвораат во чисти медиуми кои се совпаѓаат со тоа што се случува на сон. Неговата опсесија е иста, нејзината содржина исто така останува иста, но стекнува едноставна материјална основа, вообразените дејства имаат наспроти себе стварни и елементарни објекти на интеракција. Објектите од стварноста не се совпаѓаат со објектите од вообразбата по форма, туку само според неопходната употреба на нивните индивидуации. Формата на вообразените нешта и нивната хиломорфна текструра останува таква каква што е, засилена со груби впечатоци, позиции, материи и искуства од стварноста.
Многуликиот притисок го зеде данокот. Пукна последниот Ајакос нерв. Неговата вообразеност не трпи промашувања и непрециозности. Подготвена е работите да ги ескалира се додека не го добие своето, по цена на најужасни одлуки. Таа не е хипохондрична, ниту перфекционистичка по природа: подготвена е да се бори за неговиот подем во услови кога несовршеното постапување трае долго, дури и кога нејзината победа не се прикажува во најубавото светло. Крајната немоќ го присилува Ајакс да стане лудо храбар, бесен и божествено прецизен, да дејствува под раководство на совршените апоплектични инстинкти, да се гневи и да не греши. Неговиот нервен слом не го доведува до хистеричен испад на беспомошност, туку побудува дејства кои личат на симултани свелосни удари од молња.
Ајакс се исправува како семоќен и бездушен бог, неодговорен, слеп за последиците што ќе ги предизвика. Тој не може да ги избегне ударите, ама веќе не ги ни чувства. Не може да го раскине проклетиот танец, ниту да го заобиколи, ама екстатична увереност дека настанува часот кога ќе ги здроби непријателите му помага да заборави дека ги промашува. Оваа негова позиција и неговата атиципација на дејството што настанува се логични симптоми на горделиво дивеење. Страдањето го искапи Ајакс во темната страст на себепревознесувањето. Од некаде од неговата душа извикува гласот на безумниот занес, го прободува него и неговиот двојник и вели: „навредите ја исчеличија волјата за моќ. Ќе ја урнам штитоносната совест која ги здржува сите самопревознесувачки напори.“ Слична апорија го нагризува умот на богоборецот. Секој искрен богоборец мора да си рече самиот на себеси: „Бев атеист, сè додека не сфатив дека сум бог!“ Неговата жестокост кон Бога е мера за неговата потсвесна вера дека е Бог. Ајакс се самообожува за сметка на непријателите. Оттука му доаѓа храброста и волјата за освета.
Ајакс се насочува бестрашно, како владетел на судбината, кон една од овците за да се справи со непријателот што таа го симболизира,. Таа го симболизира толку случајно колку што Ајакс ја избира за негов медиум. Тој и го прекршува на мирната овца демонстративно вратот во негова најнепосредна близина. Бесот го истргна од положбата на сон, ама не го уништи самиот сон. Му помогна да го укине волшебниот круг на неуспехот што го доживуваше пречувствително, ама не го спаси од крвожедноста која го претвори дејствувањето во роб на лудилото. Соновната состојба ги ослабува страшните и ирационални ефекти на беснилото. Да беше побеснет и буден, Ајакс ќе ги убиеше овците поттикнат од внатрешните состојби и побуди, дури и ако знаеше дека не се неговите непријатели, само за да ја надомести незгасливата навреда. Делузивната замена на идентитетите ги покажува надмоќните афективни инстанции во помеко светло. Сомнамбуличниот бес е помалку ирационален од беснилото (кое во случајов го означува апоплектичното однесување во состојба на будност) и покрај тоа што вообразениот настан што го поттикнува сомнамбуличниот бес е многу понеусогласен со стварноста, од воспримањето на субјектот заразен со беснило од психичка, непатофизиолошка и неепидемиска природа. Субјектот носител на специфично беснило соодветно го восприма нацелениот објект од стварноста и самата стварност, ја релативизира нивната очигледна неидентичност со вообразената цел и настаните од вообразбата што го мотивираат да се однесува така, ја жртвува нивната невиност и погрешна поставеност, затоа што целосно им се предава на разорните, т.е. апоплектични афекти. Ајакс ѝ ги наметнува вообразените настани на стварноста и се однесува во координација со нив, иако стварноста за него е прекриена со црна покривка и претставува извор на груби сетилни податоци кои генерално се вклопуваат во неговата замисла и ја материјализираат преку себе.
Откако го слушна острото крцкање на скршениот врат Ајакс, покрај тоа што е разбуден и веќе дејствува, ги отвора закрвените очи полни со дух на немирот. Првата жртвена овца не беше еден од главните непријатели. Ајакс го доживува стадото овци како бројна непријателска војска во која тешко ја забележува позицијата на главните мети. Тој ги забележува матно злорадосните танчари, индивидуациите на провокативната природа и преовладувачкото сеќавање. Додека го шамараа и маваа во вообразбата, опкружувањето беше нејасно, вообразбата ги отсликуваше само највпечатливите моменти од непријатната интеракција, идентитетот на околината не беше важен. Откако Ајакс ги отвори очите целата претстава стекна конзистентен идентитет. Иако е опкружен од куп непријатели тој го заострува внатрешниот поглед и јасно гледа кои од нив се најактивни и кои прават ризични зафати. Илузорните демонски појави на неправедните херои, сега дејствуваат во урамнотежената околност на физичката природа и нејзината стварност. Се е како што отсекогаш било, само стадото ги трпи вообразените промени. Овие модификации, односно таксономизирани слевања на вообразеното и стварното едни во други, не ја укинуваат сомнамбулијата. Додека спиеше закован за едно место, на Ајакс го нервираше формата на туѓото насилно однесување. Сега, додека е сомнамбулично „буден“, т.е. активен, тој не може да ја поднесе самата бурна активност на непријателите, независно од видот на омаловажување. Формата на нивните дејствувања и нивните изгледи излегуваат од црниот проектор на вообразбата па се интроектира во летаргичното држење на овците. Невидливо и трансгресивно ги пробива светлосните, траекторијални, патувачки, пулсирачки и интерактивни мрежи на мозокот, го пробушува черепот за да ги оствари своите заговорнички иницијативи. Поприма халуциногена суштина. Спонтано ги отелотворува војските и нивните генерали во случајната формација на стадото, се шири како заканувачка сенка и ја брише стварната слика на работите поврзани со одредени објекти на интерес. Ајакс може да ја апсолутизира фиксираната група објекти и да ја пренесе од едно вообразено опкружување во друго, или да ја шета од едно до друго место во опфатената стварност. Оваа територијална флексибилност во услови на строга групна селекција ја одразува опседнатоста на Ајакс како таква. Во исто време, тој е лудо посесивен затоа што смета дека ако ги порази провокаторите, трансцендентално ќе си го врати неповратно изгубениот објектот на величина. Сите овие мотиви, побуди и перспективи на дејствување го потхрануваат неговиот бес и го преобразуваат во лудило.
Тој не може да го залечи здравиот разум додека не ја исполни интринзичната задача. Од друга страна, откако ќе се освести што направил, нема да може да го оправда здравиот разум, дури и ако си го обнови. Детето што норка во солената вода на морето, ја претвкусува, накратко ја доживува супстанцијата на лудилото, краткотрајна жртва е на неговите панични пројави. Додека норка, детето нема прегледност врз опкружувањето, околината се претвора во мрачен воден амбис, што се простира длабоко под неговото ситно тело. Тоа е темносин бескрај што зазема просторни димензии кои ќе го столчат со нивната морничава големина. Или иманентно вообразува дека сеопфатната водена темнина е живеалиште на огромно подводно чудовиште кое доаѓа да го опкружи. Чудовиштето е толку големо што ќе го пополни со себе целото пространство. Тој не знае што го плаши повеќе страшниот изглед, она што може да му го направи, или пропорциите на неговото грдо тело. Сите овие фактори се мешаат и судираат едни со други во неговата вообразба и го присилуваат рефлексно да изрони од водата и да побегне од местото. Ова може да му се случи, дури и ако гази врз плиткото песокливо дно. Тој ќе се задлабочи толку во содржините на вообразбата што ќе изгуби свест за тоа колку е безопасна неговата местоположба. Откако ќе изрони и ќе ги отвори очите, блаженствата на медитеранскиот пејсаж го утешуваат, бидејќи нивните лековити слики продираат во душата и ја освежуваат од искуството со вообразениот левијатански терор. Така детето се уверува дека сликите што го заразиле и го исполниле со психотична тензија се привиденија што можат да се отповикаат. Затоа, се враќа кон веселата крајбрежна игра, како ништо да не се случило, иако во неговото срце останува скриена трагата на перманентниот ужас.
Ајакс нема таква среќа. Тој е заробен во делузијата чии решенија мора да ги оствари. Тој убива неколку овци користејќи разнообразно физичко насилство и им нанесува смртоносни рани со својот меч и со зафати што би ги применил само против најсилните противници. Динамичниот бес е материјализиран континуитет на волјата за моќ насочена кон фантомите што ја сообликуваат и сегментарно ја преобразуваат стварноста. Лудилото го опфаќа делузивното дејствување и вообразените проекции халуцинаторно проместени во стварноста. Тоа не е само изблик на вообразеноста која повеќе не може да ги трпи поразите, неуспесите и понижувањата, туку е највисок израз на душевна напрегнатост. Тоа исто така ја претставува егоцентричната субјективност, која се егзалтира, острастува, се претвора во сила еднаква по длабочина и интензитет како помамата, само што им се предава на состојбите на инфериорност и во исто време, ги унапредува солипсизмот, самодоволноста и самозадоволство: излегува од сопствената кожа и го поттикнува субјектот да дејствува разорно во име на инфериорните состојби. Ајакс е крајно огорчен и гневен, дури и додека се чувствува како неповредлив бог, ама некако успева да ги консолидира овие состојби и да ги соедини со афектите на грандиозниот нарцизам и со чувството на неколеблива величина. Лудилото и бесот се соединуваат во еден афективен ентитет. Тие се последна феноменална опција на душевна активност, сублимен инстинкт кој го ослепува Ајакс за се друго, освен за неопходноста да ги задоволи крвожедните пориви. Во неговиот случај, вообразеноста не ги координира лудилото и бесот за да ја урамнотежи нивната пројава, туку грубо ги ослободува за да извлече максимална полза, артикулацијата и ја жртвува на чистата храброст, само за да ја надмине стварноста на нарушената диспозиција.
Беснеењето може да се пројави како објективен елемент на некое однесување, на пример, на детската палавост, или како моќен ефект што произлегува од безопасното истурање гнев. Лудилото е екстремно ирационална пројава, или комплекс од пројави на карактерот која може да поприми многу форми. И вообразеноста не мора да настане како последица на неправдата извршена врз горделивиот, па да му се настрви на објектот што го смета за пречка (со што се пројавува опсесивно) или за придобивка што ја надоместува оштетата (така се пројавува посесивно). Вообразеноста може да настане како резултат на чистата гордост и таинственото уживање во егоцентризмот и да биде неодредено посесивна и неодредено опсесивна. Вообразеноста секогаш се стреми да воспостави хомеостаза помеѓу пројавите на грандиозност. Бесот, заедно со ексцентричното лудило е пречка што мора да се надмине на овој или оној начин, да се регулира во склоп на мегаломанскиот систем. Бесот е супердинамична и премногу агресивна форма на лудилото, тој е негова најнеобуздана садистичка поткатегорија. Тој е пројава на грандиозност која излегува целосно од контрола што не се ограничува на егоманијакалната церемонијалност. Вообразеноста ги сече од корен ваквите испади. Затоа, e несвојствено за вообразениот едноставно да ги ослободи дивите афекти. Тоа е изнудено и очајно решение.
Ајакс излезе од состојбата на кататонична немоќ, односно го „подобри“ своето вообразено дејствување пренесувајќи го во стварноста, со самото тоа што почна да убива вистински објекти. Но тој сеуште живее во бунило, апсорбиран во сеќавањето што го изобличи пристрасно и поттикнат од физичката природа. Според тоа, доколку Ајакс го споредиме со Прометеј ќе пронајдеме драстични разлики во рамките на комплексот од слични појави. Прометеј се задушувал од одмаздољубие и покрај тоа што неговата вообразеност е на место, трезвена, свесна за својот психологистички повик. Бесот рикал од неговата душа да биде ослободен, што на крај и се случило, на несреќа на вообразеноста и нејзиниот „етос“. Свеста опседната со нагонот за одмазда се борела со испадите на гнев, но му се подала на искушението. Несвесното му испраќало одрази кои соодветствуваат на ирационалните можности за ослободување од оковите. Тоа било ехо на бесот што сакал да излезе во светот и да му служи на Прометеј на сметка на вообразеноста. Но стоичкиот карактер на вообразеноста го држел Прометеј при неговата свест. Вообразеноста сакала тој да победи елегантно, неговиот подвиг да ја освети артиклираната храброст. Затоа, не можел беспоговорно и компромисно да втоне во несвесните пројави на ирационално ослободување. Вообразбата проектирала за него чисти визии и непретставени фантазми, ама не можела да ја поткупи неподатливата вообразеност. Непријателот на Прометеј, бил присутен и олицетворен во неговите слуги. Затоа, секој обид Прометеј да изгради вообразен свет што ќе го проектира врз стварноста, за да ги задоволи апетитите на агресивната инфериорност и реактивната агресија, се удирал од ѕидот на суровата очигледност. Тој е заглавен во хомоген оклоп од појави сраснати една во друга чија структура не може да ја скрши. Опсесивната потреба да се ослободи и да се одмазди морала да се задоволи со експлицитните услови на неговиот висок мегаломански карактер и непосредното постоење што ги ограничуваат ексцесивните потфати на вообразбата. Прометеј не е оставен како Ајакс сам на себе, во злогласната дивина која чека погоден момент за да ги разбуди најужасните крвожедни фантазии што ги излудуваат жртвите. Чувството на извршена неправда кај Прометеј е преносна, не се однесува непосредно на него, туку на „социусот“ што тој сака да го подигне од калта. Затоа, неговата вообразба не може да се разболи толку што ќе почне да произведува безумни проекции. Којзнае, можеби под влијание на таквата вообразба и нејзината агентура, Прометеј ќе успеел чудесно и налудничаво да ги распарчи оковите. Но самата помисла на неправдата што врховниот бог му ја рши нему и на човештвото и бесот што произлегува од неа, е како системот капка по капка што пронаоѓа пат до предстабилизираната структура на душата, па полека си пробива пат и ја преобразува. Бесот ја електризира вообразеноста, ја дува, ѝ помага да не се издише брзо под надзор на свеста за нејзината сопствена префинета улога.
Бесот и вообразеноста укажува како во парадигмата на моќта, моќта се бори со сопствените „термодинамички“ предизвици. Прометеј е крвожеден исто колку Ајакс. Неговото задорено расположение го сигнализира тоа. Бесот што нараснува во душата, ја нагризува душата како капките што капат врз цврстиот камен. Тој е најкарактеристична енергија на внатрешниот прометејски бунт. Но, се додека не ја освои душата, тој е половичен импулс исто како и крвожедноста што ја содржи во себe. Бесот ја насочува целата мотивација за уништување кон објектите кои не се најзначајната мета. Неговата опседнатост со одмаздата се одигрува во полето на свеста за природата на работите. Тој не е опседнат со ирационалните стратегии на бесот кои произлегуваат од неговата опседнатост со нагонот за одмазда. не постои претстава на несвесното, односно несвесна антиципација на решеноста да се ослободи, која може да и се наметне на надворешноста и да ја преобликува. Опседнатоста кај Прометеј игра кондензивна улога. Таа го поврзува непријателското опкружување (каде и да е) со исконските пориви на Прометеј. Ајакс го поврза произволно непријателското опкружување со стварноста во која се наоѓа, па ги соедини двата света во една делузивна фантазмагорија. Прометеј не норка во најтемните длабочини на душата, за да се врзе неповратно за синтезата помеѓу два објективно спротивставени светови. Напротив, тој се пробива до таму, за да ги урамнотежи своите цели со објективните околности. За жал, на дното го чекаат сили на кои не може да им одолее. Бесот ги поставува своите замки, ја надигрува и надвладува вообразеноста, па му оневозможува на Прометек да се извлече од безизлезот спокојно и паметно, читај со посредство на артикулираната храброст.
Атмосферата во која се развива бесот на Ајакс им дава безгранична слобода на егоманијакалните пројавувања. На прв поглед, Ајакс како да заспива и бега во анаморфозните светови на душата за да го предизвика потенцијалот на несвесно претставување. Додека се мести за заспивање и додека заспива, тој ја претвора вообразеноста во апсолутен предмет на сопствената фиксација, или поинаку кажано, во психологистичка потенција која ќе вроди најсочен плод. Таа е когнитивно-психоенергетска основа на сите прикладни вообразбени процеси. Елеганцијата и е вродена и предоминантна особина, со што автоматски се издвојува од гордоста. Нејзиното единставно јадро, ќе ѝ овозможи на свеста да продре во анаморфозните длабочини на душата, па да го реконструира несвесното и да извлече од него претстава складна на предизвикувачките околности. Но, вообразеноста на Ајакс ќе доживее потрагична судбина дури и од вообразеноста на Прометеј. Бесот, крвожедноста и хаотичните последици на колежот, ќе ја соочат со симболот на нејзините совршено маскирани и примордијални внатрешни состојби. Како и да е, пред тоа, вообразеноста ќе му прокрчи пат практичното лудило и неговите егоманијакални фантазми. Убиството на првата овца открива бес што бил активен одамна во пазувите на душата. Што подалеку толку полошо. Тој ќе се заостри толку што ќе наликува на совршено прецизен погодок воден од раката на дивата и елементарна пречувствителност. Сите последователни погодоци ќе станат еха еднакви по моќност со првиот, грандиозен потрес. Бесот на Прометеј нараснува и се пројавува поинаку. Бидејќи прометеј не може да си дозволи да дејствува слободно, неговиот бес се продлабочува, се претвора во прождрлив кратер што е подготвен да го проголта целото постоење. Откако ќе го ослободи бесот, бесот нема да го расече постоењето на пола како долгнавесто сечило. Во неговата мелодија ќе се отпечатат сите мизантропски длабочини на пеколот, ќе биде крик што ги потресува основите на вселената. Но, затоа што, неговата моќна мимикрија ќе остане без последици, бесот, ќе се претвори во продорен и исто толку неефективен одблесок на потенцијалните катастрофи. Неговите вистински, наталожени и преоптеретувачки енергии ќе прснат во празно како ѕвезда што изумира во далечниот галактички систем.
Вообраеноста е психологистичка состојба што тлее во Ајакс и се зародила во самиот миг на неговот обесправување. Тој е вообразен, затоа што однапред си ги припишува артикулираната храброст, елегантното спротивставување, паметното и тивко стратегизирање како особини што најсилно ја истакнуваат неговата личност. Само вака, иницијално може да се објасни однесувањето на Ајакс кон кое ќе се вратиме сега.
Со тоа што се насочува кон надворешните објекти травестирани во антихеројски привиденија, Ајакс покажува и потврдува дека чиновите се совршени благодарение на делузивната увереност на Ајакс во тоа дека лудилото не проектира, туку ги прикажува работите такви какви што се. Затоа, бесот продолжува да игра живоносна улога. Ајакс им ги скратува набрзина маките на уште неколку овци. Милоста што ја покажува ненамерно и несвесно кон погрешните жртви е слепа колку вообразеното во сонот кое се испреплетува со околината на провокативната физичка природа. Ајакс избира кои од ониричната вообразба и нејзините сомнамбулни проекции со кои сегментите на стварноста ќе ги соедини. Вообразеноста демонстрира непогрешлив инстинкт кога е во прашање атмосферата што мора да ја создаде за да си го овозможи најсоодветниот и највпечатливиот настанок. Ако тоа подразбира елеганцијата да му ја пожртвува на транспарентниот бес, радосно се согласува на такво нешто. Во смисла на општото слепило, Ајакс ја повторува судбината на Полифем. Одисеј го ослепил Полифем додека овој слатко спиел, а спиел затоа што Одисеј, потпомогнат о придружниците, го опил за лесно да го ослепи. Нешто слично се случува со Ајакс: сугестивната сончаница и перфидниот татнеж на брановите го заспаа за да го воскреснат ужасниот спомен што ќе ја премреже мирната стварност. Од одредена перспектива, сонот е брат на слепилото. Тој создава атмосфера за формирање хибридни претстави и им дава предност на несвесните рефлекси кои го забораваат она што не сакаат да го видат и го преобразуваат она што им е неопходно за да ги задоволат апетитите на мечтателот. Сонувањето е хиперактивен и екстровертен близнак на сонот. Тоа се претвора во трон на вообразеноста од каде таа раководи со хибридните претстави на несвесното кое ги менува сегашните и минатите стварности, со посредство на лудилото и бесот. Вообразеноста е раката, лудилото – ќибритката, бесот – огнот. Првата треба само да замавне и да го запали светот. Во тој случај, слепилото е најлоша особина. Замавот ќе биде наизглед елегантен и полн со смислата на согледните можности, додека реално, Ајакс ќе го преувеличи префинетото трансцендентно струење на егоманијакалноста. Суптилната егоманијакалност ќе стане жртва на необузданата занесеност и волјата за уништување кои го инспирираат остроумно да се одмазди во соодветниот миг. Хармоничниот израз за час ќе се претвори во својата спротивност, иако нема да промени ништо во својата структура, ќе испушти една сомнителна и непријатна антиципација, која ќе каже се за преовладувачките впечатоци што се кријат во самоидентичниот израз со добар изглед. Моментот и впечатокот на остроумност ќе избледне брзо, бидејќи постапката ќе ја засени дух поинаков од иницијалниот, дух што се бори со сите сили да излезе и да покаже кој има вистинска власт. Ако Ајакс не е способен да види како физичката природа прави рокада, па стварните нешта ги заменува со вообразените, како ќе се избори со вообразеноста која се отуѓува од сопствената суштина и не ги почитува своите стандардни пројавувања?
Секоја секвенца на дејствување смрди на отсуство на власт врз себеси, иако Ајакс го насочува гневот и се фокусира врз избраните објекти. Сомнамбуличните постапки се автоматски, без оглед на тоа што ја претставуваат апсолутната волја која остава впечаток како да знае што прави и што сака. Демонстрираната волја е само маска на автоматските процеси. Ајакс подигнува една од овците со раката над себеси, со мечот ја прободува од долу нагоре, па ја фрла во непосредна близина, целата облеана со крв, замолчена од мака и со полузгаснат сјај во очите. После неа расекува уште неколку со мајсторски потези. Прави се за да се добере до централните фигури кои се постојано во позадината и оттаму го удираат на парадоксален начин. Удираат како навредливата помисла или болното сеќавање кои се чисти еха што избувнуваат од трансцендентните длабочини на душата. Ајакс ги убива овците уверен дека брзо ќе им стигне редот на оние што најмногу го заслужиле топлиот челик. Но, како што ги ситни редовите, така непријателите се поригорозно се повлекуваат во позадина. Во душата и вообразбата, надмоќните динамични пројави на главните непријатели го запрепастија Ајакс. Тој се уплаши до степен на автосугестивна психоза од сопствената бессилност која е слична со детската, но неговиот карактер не се поколеба. Сега, во емпириското опкружување и откако нивните привидни појави станаа допирливи поради интеграцијата во стадото, нивната надмоќ стекна нова позиционална форма, иако динамичниот момент остана како претходно. Тие се репозиционираат ама не систематски во смисла на физичката траекторија што треба да ја преминат во одреден временски период и во сооднос со пречките. Поточно, се транспозиционираат, нагло отскокнуваат наназад и одеднаш како да испаруваат од чист воздух во задните редови. Умртвувањето на предните објекти ги пренесува позади на посигурно. Ајакс мисли дека ги поразува додека се соочува со нив во првите редови. но, нивните личности се како реинкарнациски души што ги напуштаат телата, за да се вселат во други тела. Објектите кои биле нивни медиуми им отстапуваат простор на другите објекти-медиуми. Поради ова, Ајакс сеуште се чувствува како новороденче наспроти нив, иако вообразеноста ги оживотвори неговите психотелесни иницијативи. Но Ајакс не се предава. Решен е да оди до крај, да го прочешла секој ред, запазувајќи го луцидниот закон на скулпторите: „Статуата на мајката е неразделна од статуата на новороденчето. Не можете новороденчето да го задржите да лебди во воздухот“.3 Вообразеноста е негова мајка. Тој ја полага целата доверба во неа, особено тогаш кога се чини дека вообразеноста ги погазува сопствените кодекси на однесување.
Ајакс ја остварува замислата со џелатска прецизност и непоколебливост. Порите на маслиновото дрво се полни со распрсната крв. Шлапнатите грутки крв течат низ браздите што се свиваат кривулесто по должината на стеблото. Ајакс не само што ги прочешла неправилните редови, туку ги истреби нивните единици се додека не дојде до последните неколку овци, кои преплашено и збунето трчкаат овде-онде. Се доближува до најблиската од неколкуте преостанати овци, па разбеснето и без вишок зафати, ја прободува неколку пати таму каде што ќе го насочат инстинктивните испади на бесот. Ајакс ликува бидејќи верува бескрајно дека му „зел мерка“ на првиот главен непријател, додека, сите кои quaerere verum (ја бараат вистината), гледаат само архетипски претставник на нихилизмот, кој овците ги превора во симбол на слабоста со која сака да раскрсти веднаш. На втората овца, Ајакс и ја отсекува главата од телото со нескриен презир. Се обидува третата овца да ја пресече на половина, но мечот му заглавува во нејзиниот рбет. Тоа го детонира неговиот екстремен бес. Затоа, ја фаќа за вратот како да сака да ја дави, го вади ножот, па ја забодува неколку пати глатко и брзо. Веднаш после тоа, силно ја турнува со ногата и ја клоца жестоко, божем од степенот на садистичка суровост зависи дали ќе си го врати на трансцендентен начин загубениот објект на величината.
Првиот овен го беше зел „ликот“ на Менелај. Директните удари нанесени насекаде по неговото тело, покажуваат дека тој е најрелативен, па дури и случаен непријател на Ајакс кој смета и треба да биде отстранет што побрзо. Во вториот овен се беше отелотворил Агамемнон, благословувачот на непријатниот исход. Ајакс, му ја откина главата затоа што не го признава за свој владетел после тоа што му го стори. Третиот овен, кој заврши најтрагично е едниот и единствен Одисеј, зачинувачот на навредливите случувања. Ајакс се обиде да го пресече Одисеј на пола за симболично да го оддели од објектот на величината. Но, објективните околности уште еднаш замешаа прсти и го оправдаа крадецот. Затоа, Ајакс реши да го ликвидира тивко и спретно. Откако го направи тоа, го совладаа чувствата на надмоќ (идејата дека после толку труд го достигнал невозможното), па му се препушти на бесот за да ја возвеличи вообразеноста и нејзините суптилни афективни влијанија. И покрај тоа што вообразеноста се пројави преку ексцентрични категории, таа ракуваше со нив суптилно.
Ајакс битисува во фатаморганата на трократното убиство, кое е накитено со остатоците од масовното крвопролитие. Место заклани овци и овни, тој гледа војници и кралеви-генерали. Царството на сончевите жештини се руши под натисокот на попладневното затемнување. Брановите се смируваат заради тишината на приквечерните часови и шумолат како трепетот на задоволената страст. Халуциногената треска ја напушта Ајаксовата душа, а неговата свест и совест му ги препушта на емпириското опкружување кое ја презеде фантазмагоричната улога од антагонистичката вообразба. Како што се наближува судот на реалноста, така бунилото бега со подвиткан опаш. Свеста се прочистува, па како последица на тоа, го превоспоставува рационалниот однос со безживотните објекти. Ајакс сега се сеќава на поединечности кои може да ги восприми и образложи само високоразвиениот ум. Прво Ајакс чисто го замислуваше своето дејствување во интерактивната самопроекција, се соживуваше со него пасивно и исклучиво во душата. После тоа, тој почна да фучи со мечот во стварноста иако сеуште лежеше под маслината целиот апсорбиран во душевните прилики. Секој непрецизен замав кон привиденијата, откако овците го опколија и додека спиеше легна на земја, ѝ го одземаше животот на по една овца. Ударите не беа пресметани потфати кои земаат предвид конкретни целни објекти, туку произволни дејства на амбициозната вообразеност која се раководи според движењата на привиденијата во вообразбата. Толку смешно неартикулирана беше на почеток врската помеѓу поредокот на стварноста и случувањата во вообразбата. Физичката природа го присили Ајакс да го вообрази насилните провокатори и нивното флексибилно поместување. После тоа, овците, исто така оркестрирани од физичката природа и барајќи спас од жештината, се собраа околу Ајакс па го поттикнаа да ја екстензивира проекцијата, односно да ја приспособи на стварноста. Така, тој продолжи да го живее сонот на јаве. Стана како жив мртовец кој тргнува да се соочи со актуелните пукнатините во неговиот живот. За да ја организира конвергенцијата на вообразеното и стварното во една конзистентна целина, тој мораше да ги додаде и ахејските војски, бидејќи пред себе имаше количество несразмерно поголемо од неговите незаобиколни мети. Со други зборови, вообразбата автоматски ги регулира несразмерностите, за да му овозможи на бихејвиористичките инстинкти непречено да си ја вршат работата.
Откако се исцрпија потенцијалите на делузивно дејствување и мислење, лудилото и бесот се повлекоа во дното на душата со вообразеноста која ги подгреваше егоманијакалните пориви на Ајакс. Егоманијакалните пориви се незрели деца на вообразеноста, а таа е нивен недостижен идеал и извор на живот. Таа е царица на мегаломанските самодоживувања и доживувања, но се претвора во просјак за да го разгори нивниот бунт. Егоманијакалните пориви и мегаломанските визии се две страни на една иста парчика исто како вентралното и дорсалното внимание, исто како рефлексијата и чувствата, исто како нарцистичните концепти и егоцентричните афекти. Вообразеноста го подготви теренот за масовното принесување жртви, па со грозење исчезна веднаш штом на тмурниот, умртвен и тивок хоризонт се појави лицето на ужасниот исход. Ајакс не си верува на очите. Колежот е преморбиден дури и за неговиот војнички вкус. Волнени тела и парчиња соголено месо лежат расфрлени, искасапени и столчени насекаде околу маслиновото дрво. Сите се натопени во крв како кончести крпи за бришење под. Длабоки рани се наѕираат во дебелата памучна наслага како вирови од поток прикриени во густа трева. Потоци крв течат симултано од обезглавените трупови и отсечените телесни делови. Оваа глетка го соборува Ајакс повеќе отколку отсуството на силите кои ја исцрпија и искористија неговата херојска енергија. Ноќта што се наближува ја затемнува сцената на ужас. Напротив, темнината ќе ги засили преовладувачките впечатоци како што ѕвездите и месечината останале да светат на небото откако кенгурот Дохар ја свиткал ноќта како тепих. Тоа ќе се случи во стилот на добрата древна вообразба која темнината ја претвора во проектор на примордијалните абоминации. Со посредство на првата аксијална форма на вообразување, Ајакс уште еднаш ќе докаже дека неговото битие се инфантилизира и ја напушта херојската суштина. Неговиот отрезнет ум не може да го издржи теророт на глетката. Затоа, тој паѓа на колена очајнички исцрпен, кататонично збунет, запрепастено замислен. Неговите очи се згаснати бидејќи душата му е преполна со скверен материјал што ја затрупал екстензивната светлина. Толку ја согореа неговата сила импулсивните слуги на вообразеноста, што Ајакс не чувствува никаква вина. Тој практикува разни држењ што одразуваат загриженост за да се поттикне себеси да почувствува барем некако каење. Напразно. Силите на вообразеноста ѕиркаат палаво од подземјето на душата. Тие се енергетски остатоци од квазилуминозното самовоздигнување што го присилуваат тивко да се гордее со тоа што го направи, и покрај тоа што, совеста барем формално преовладува во неговата ссвест и битие. За разлика од совеста која е само ментална проекција откината од секое живо чувство, тивката гордост е енергија полна со тежина која Ајакс ја чувствува недвосмислено. Тивката гордост ја симболизира духовната празнина која ободрувачки му шепоти на паднатиот херој: Биди доследен и храбар бог! Однеси го со себе мојот товар, товарот на неизлечливата празнина. Твојата моќ нека му се спротивстави за последен пат на злочестивиот живот. Самоубиј се! Повлечи ја последната рачка на која ќе те одведе во пропаст полна со неодоливи екстатични доживувања. Оствари го заветот на ултимативната делузија, каде се најдобро што може да ти се случи, се случува градативно и во исто време нема никаква врска со стварната можност-да-се-биде!” По површината на неговото око поминува одблесокот на неотповикливиот пркос како огнена комета што патува по должината на ноќното небо. Ајакс го забодува мечот во стомакот. Паѓа со челото врз јарко жолтата пустина, полна со исповрзани и самобитни крвави форми што наликуваат на хаотичен скеч.
19.
Прво значајно сознание што субјектот го стекна додека ја вообразуваше оваа преобличена и реконтекстуализирана претстава за делузивниот испад на Ајакс е следново. Се додека Ајакс не стана и не почна да ги убива овците и овните околу себе, тој помамно се соживеа со инсценацијата, класично се помами против искушенијата во неа. Откако се исправи и одважно почна да ги расекува и касапи невините животни, помамата не прекина да постои. Таа не само што ја формира стандардна солипсистичка синтеза во сопствените рамки, туку додаде и посилни афекти, какви што се мегаломанската потреба за самодокажување и невоздржливите и фриволни егоманијачки нагони. Ова спознание е од клучно значење за субјектот, бидејќи, тој увиде дека помамата е не е само солипсистички обид да се доживее моќта и нејзините практични пројавувања, туку помамата е и неартикулирано дете на моќта, кое има голем удел во конкретните практични акти. Помамата не е само структура од афекти кои се потпираат исклучиво на претставите за покажување моќ. Таа е афективна структура која се вклопува во секое однесување кое не може да ги артикулира поривите за покажување надмоќ. Помамата сака да го изедначи впечатокот на дискретност со своите очигледни безумни состојби. Нејзиното противречно дискретно држење е форма на суптилност која може да се забележи дури и во најдивите диспозиционални потфати. Од неа не се очекува поинакво однесување и поинакви впечатоци: дивото диспозиционално однесување е форма на дејствување која се совпаѓа со безумните состојби на помамата кои се форми на ексцентрично диспозиционално држење. Оттука, помамата се вклопува совршено во таквото дејствување. Заклучокот е дека помамата и претходи на моќта и е една од клучните епитомски фази на нејзин развој.
Овој факт го освежува субјектот. Сега тој е подготвен да продолжи напред, по цена да ја усвои помамата, во однос на која негуваше непремостливи предрасуди.
Ајаксовата претстава за трансцендентната реасимилација на објектот на субјективната величина и борбата со непријателите ги соедини во една нераскинлива целина практичната структура на дејствувањето, инспиративната ораторска структура на генералниот нарцизам и психоенергетските афективни пројави на помамата. Нивната симбиотска врска однапред се формира со самата ментализација на дадената претстава. Нивната изворна врска само се интензивира и доби малку појасен лик од почетокот, благодарејќи на тоа што претставата од содржина на вообразбата се претвори во халуциногена проекција. Субјектот се чувствува толку понижен и ранет, што заборава до какви последици доведе нестабилниот карактер на Ајакс, и целосно се сосредоточува на неговиот екстатичен триумф, на психичките и практичните состојби на грандиозност. Друга специфичност својствена за оваа мегаломанска и егоманијакална претстава со привкус на инфериорност е следнава. Место генералниот нарцизам да се пројави како самосвоен систем од охрабрувачки евокации што и припаѓа на ајаксовата субјективност, тој се всели во гласовите на провокаторите. Место, да игра чиста конструктивна улога, тој беше конструктивен во преносна смисла. Во него немаше ништо од ободрувачките извици на шизогените гласови, ама затоа, провокативната нота што ја воведе генијално се одрази, ако не врз исходот и артикулацијата на дејствувањето и доживувањата, тогаш врз покажувањето храброст. Ајакс истапи од „конфорната зона“ и се соочи со непријателите на најсуров можен начин. И покрај тоа што неговата постапка беше делузивна и со самото тоа срамна, тој лудо се охрабри на она што никој не сака дури ни да го замисли. Провокациите само го разбудија светот на самовоздигнувачки намери кој спиеше слабо на површината од неговата душа. Помамата го зарази со своите стереотипни афекти. Сите претходно нанесени удари заедно со ударите што му се нанесуваа сега и овде ја помагаа изградбата на оваа апоплектична машинерија. Но претворањето на чувството на пониженост во жестокосрдечност, на жестокосрдечноста во страст по освета, на страста по освета во уживањето во страста, а уживањето во страста во пристрасност му изгледаше малку на Ајакс. Продолжителните удари го засилуваа ефектот на недоволност. Затоа, на состојби на гнев и навреденост полни со опскурен и бескорен восхит, Ајакс им ја додаде 1) егоманијата која се заклучува во слепиот копнеж по брутално воздигнување на егото, и 2) мегаломанските визии кои се форми на садистичко справување со досадните пречки.
Како што се одвива драматичната интеракција помеѓу Ајакс и привиденијата од неговиот ум, така фундаменталните структури на душата откриваат дел од аспектите на учество. Субјектот не може да му се изначуди на призорот што самиот го создаде. Таму, тој се соочува со моќна структура на практично дејствување. Моќта на оваа структура расте во очите на субјектот под влијание на илузијата дека необузданите пројави на неартикулација восхитуваат затоа што се корелати на самоволието и надмоќта. Дејствувањето има практична структура затоа што претставува одредено материјално работење-во-светот. Од тоа колку моќен впечаток ќе остави зависи колку аспекти од останатите душевни структури ќе им се откријат на свеста и срцето. Осмисленото движење, целта и конкретното движење кон целта имаат длабока психоенергетска вредност. Тие се основни концептуални квалитети, или категории, на практичното дејствување, кои покрај суровото дејствување укажуваат на останатите афективни компонентни на дејствувањето. Душата се соживува со дејствувањето, ги надгледува сите чекори, ги лови нестандардните пројави и ги присвојува синергичните моменти. Така, таа го преработува практичното дејствување, па го преосмислува неговиот однос со светот, во зависност од обработката. Во оваа смисла, душата, и пофокусирано, свеста, се трансцептивни. Длабочината и изразот на практичното дејствување го предодредуваат односот на субјектот кон неговата структура што поголемиот дел го крие во себе како што колосалната санта мраз се крие во студените длабочини и го покажува нискиот врв. Практичното дејствување како извонреден израз, ја наведува душата да се загледа и да почне да почитува квалитети поголеми од површниот изглед на материјалната постапка.
Јуришот на Ајакс не е неартикулиран сам по себе. Дури и честите промашувања ги изведува со стил. Тој е неартикулиран во смисла на тоа што, тој, дозволува делузијата да превладее над разумот. Освен тоа, хаосот што Ајакс го остава зад себе ја обезвреднува секоја деструктивна артикулација ако оној што ја восприма е при здрава свест. Затоа, не е чудо што субјектот се помамува во практичното дејствување на Ајакс, или подобро кажано сака да ја има неговата брутална самодоверба, посветеност и непопустливост, и топло посакува да го оствари во својот живот. Субјектот му пристапува избирливо на практичното дејствување, го еуфемизира неговиот грозоморен лик, крвавиот исход и крвавиот процес ги сведува на неколку диспозиционални и мегаломански мотиви, го усвојува садистичкиот дух ама не и степенот на злосторство и формата на насилство. Оваа преполовена рецепција на Ајаксовото дејствување и неговите причини, пројави и околности, не го спречува да ги запознае синтетичните особености на генералниот нарцизам и помамата. Тој се задлабочува во практичното дејствување доволно длабоко, дури и се хипнотизира со него толку, колку да ја види подповршинската спрега на душевните структури. Од ужасната величественост на делузивното херојско дејствување, субјектот го пренасочува вниманието кон физичките провокации. Најнакрај, тој ќе им посвети внимание на чистите психоенергетски афекти.
Практичното дејствување (како материјално работење во светот) е втемелено во генералниот нарцизам. Самиот порив за освета што се наѕира во тмурното, лесно предвидливо и брзо растечко расположение на Ајакс, покажува дека зад интенционалната сфера се кријат квантитативни закони на човечката природа „кои изразуваат количини мерливи атрибути и односи чии варијабли можат да бидат функции на други сродни варијабли“.4 Првиот дел за количините на измерливи атрибути и односи важи за генералниот нарцизам. Но ободрувачките повици се каузални и фиксни, се совпаѓаат механички. Вториот дела за создавање варијабилни формации повеќе се совпаѓа со стереотипните афекти на помамата кои се групираат во зависност од соблазнителната претстава. Но секоја варијабилна формација е фиксна, самодоволна и затворена во себе, се додека не ја замени друга втемелена во соблазнителна претстава со посебна констелација. Не постои интерфункционална врска помеѓу варијабилните формации. Но помамата има решение и за тоа. Стереотипните формации на афектите стануваат основа врз која избувнуваат егоманијакалните импулси. Дури и генералниот нарцизам ѝ се приклучува на оваа логика и ја усвојува. Тој ги користи чистите мегаломански визии како сопствен дериват. Така, субјектот не само што зазема интенционален став кон соблазнителната претстава туку ја идеализира претставата, ја претвора во квазибожествен ентитет и во нешто што му се открива само нему. Згора на тоа, афектите ги претвора во чисти мотиви кои со посредство на егоманијакалните импулси стекнуваат демонска моќ и влијание.
Сите овие структури се слеваат и се одвиваат трансцендентно во постапките и доживувањата на Ајакс и го заразуваат субјектот преку неговата длабока рецепција. Нивната траекторија не се распростира видливо во времето, иако субјектот го чувствува нејзиниот систематски тек. Секој сегмент од дејствувањето е поврзан со соодветниот повик од генералниот нарцизам. И секој повик од генералниот нарцизам создава афективна синтеза со сегментот на дејствување за да поттикне одредени афекти на помамата. Овој базичен опис, илустрира како се развива нивниот структурен сооднос. Секој е секвенца од еден интегрален циклус и претставува „тек затворен во себе“. Како што се преплетуваат повиците, дејствувањата и афектите и се надградуваат меѓусебно, така се затвора кинематскиот круг. Секој комплементарен настан од овој тип ѝ е интринзичен на недоостварената телеолошка слика на работите и ги доградува структурните поредоци.5 Притоа, сите универзални структурни категории имаат психологистичка функција. Повиците ја поттикнуваат храброста за дејствување, афектите ја поттикнуваат душата да го сака дејствувањето, а успешното дејствување дава најсупстанцијални состојби на себепревознесеност.
Оваа серија поединечни случувања што конституираат настан со сублимна афективна конфигурација, може да се објасни како хибрид од машински и гешталт одвивања. Машинското одвивање е диверзифицирано и флексибилно. Неговите причинско-последнични врски се многустрани, прават вртоглави размени и формираат многу разновидни патеки, колосеци и јазли, кои сами по себе содржат систематски конфигурации. Систематските конфигурации не соработуваат само со сегментите со кои се непосредно поврзани. Гешталт-одвивањето е амбивалентно par exellance. Секој настан во машинската спрега на динамични односи се отсликва во крајностите кои сопостојат во исто време. Машинско-системските односи се отсликуваат во иманенцијата и трансценденцијата; во чистата статика, чистата динамика и чистата инертност; во антиципацијата и во свеста; во бескрајот и конечноста, во јасното и нејасното; во екстраполираното и компресираното. Гешталтот е невидлива митска точка која ги апсорбира сите противречности и сите зацртани односи. Поедноставна и кондензирана верзија на ова што го кажавме прикажува Алпорт:
„Се чини дека обидот да се објасни структурата преку традиционални временски серии од причинско последични односи е бесплоден. Мора да се изнајде друг концепт на објаснување кој ќе го заобиколи регресот и ќе ги поврзе настаните во своевидна шема. Објаснувањето мора да лежи во апроксимативното „сега и овде“ повеќе отколку во далечното минато. Изгледа дека единствен начин да се оствари ова е да се пресече преку конвенционалниот и апсолутен „временски поток“. На времето треба да се мисли како траење исполнето со процеси и одвивања што се наследуваат во рамките на посебна шема која се самозатвора во оперативен циклус.“6
Горниот извадок ја отсликува совршено идеалната состојба на овие деликатни системски работи. Сепак, некои работи треба да се дообјаснат.
Базичниот опис и неговата илустративна улога ни покажаа како едни структурни категории надополнуваат други регресивно: замислените дејствувања ги надополнуваат повиците, афектите на помамата ги надополнуваат замислените дејствувања, артикулираното храбро дејствување, барем субјектот посакува тоа да се случи, ги надополнува афектите на помамата. Или со други зборови, замислените дејствувања хипотетички ги оправдуваат повиците, афектите на помамата ги интензивираат замислените дејствувања, артикулираното храбро дејствување го задоволува бездониот апетит на афектите на помамата. Притоа, субјектот не создава соблазнителна или диспозиционална претстава врз кои ќе го втемели овој каузалитет. Но каузалитетот не е регресивен само поради тоа. На скалилото на диспозиционално самопројавување, повиците се први затоа што се најапстрактни, проследени од замислените дејствувања затоа што се виртуелни, афектите на помамата се трети затоа што се чисто психоенергетски и најпосле артикулираното храбро дејствување е последно затоа што централен елемент на диспозиционалната замисла отелотворена во светот.
Категориите ги претставуваат фундаменталните структури на душата и се распределени во класи во согласност со нив. Истите се конфигурираат во согласност со самодинамичните предиспозиции на околностите. Околностите се во исто време субјективни и објективни. Заедничка шема на категориите може да се определи, исклучиво откако ќе се види како фундаменталните структури се преплетуват меѓу себе и го формираат телото на психоафективниот и конпрактичен настан. Тоа не значи дека процесот не е предодреден од една фиксна каузалност, вкопана во неговите основи. На пример, диспозиционалното дејствување мора да плени со својот стил и логика на одвивање; генералниот нарцизам мора да ги усогласи повиците, помамата мора да ги организира афектите според сегментите во соблазнителната претстава на диспозиционално дејствување. Сите овие перспективи на категоријално пројавување во самодоволната структура мора да се усогласат со категоријалните пројавувања во останатите самодоволни структури. Но дури и да постои вообразен настан што содржи конзистентни диспоцизионални дејствувања, субјектот мора времето да го доживее неговото одвивање акутно, за да може да ги извлече од споменот на него сите доживувања поврзани со систематското и интероперативно пројавување на категориите. Категориите и нивните конкретни симболи соработуваат со потенцијалот на диспозиционалните инсценации непосредно и формираат интерактивни шеми. Но за да ја наслика шемата, субјектот мора да ја опише цикличната структура на колективни соработки. Така ќе ги објективира ипостасите на машинскиот гешталт како што си ја претстави неговата интуитивна структура. Ние претставивме неколку такви динамични структури, или интерактивни шеми, составени од категоријални врски врз основа на конкретни соблазнителни, предизвикувачки и диспозиционално потентни претстави.
20.
Постојат четири слоеви на категоријален поредок. Првиот слој се категориите како такви: повиците, замислените форми на диспозиционално дејствување, афектите на помамата, артикулираното храбро дејствување. Вториот слој се нивните идеални изолирани констелации. Третиот слој се нивните врски и односи со елементите од заедничкиот систем. Четвртиот слој се нивните објективни пројави во склад со инсценацијата и категориите од останатите фундаментални структури. Ако замислиме како овие слоеви се конституираат и поврзуваат едни со други лесно ќе си ја претставиме елементарната шема на колективни интеракции. Субјектот удира во дното. Откако субјектот ќе ги истражи овие длабочини на личните диспозиционални можности, се враќа кон дејствувањето и се опива од неговото ментално присуство како да е неодолив фетиш.
Толку силно го доживува квинтесенцијално дејствување што во неговиот ум проблеснува една стара визија. Тој се сеќава ретроактивно на структурата на диспозиционални квалитети и потенции. Ја напушта свеста за моќта на артикулираното храбро дејствување и им се приклучува на егоманијакалните пориви. По малку, бара друг извор на задоволство, па ги повторува во правилен редослед повиците, како да си игра со препариран ѕвер или кукла со конци. Така дејствувањето воспоставува самообновлива економија. Од каде и да почне да ги врзува категориите и структурите на душата, од почетокот кон крајот или од крајот кон почетокот, дејствувањето ја обновува својата афективна моќ. Истото се случува, и кога го вообразува диспозиционалниот настан комплементарно и кога се сеќава на мотивите што го поттикнале настанот и неговото однесување. Самото тоа што дејствувањето е централен момент на сите антагонистички и диспозиционални случувања, ја привилегира повеќе од останатите потенции. Тоа е како централната позиција во празниот простор од која се има прегледност врз целиот видик. Квалитетите на душата и телото и објективностите во инсценацијата и стварниот предизвик секогаш упатуваат на дејствувањето, независно дали дејствувањето има замислена форма или се спроведува артикулирано и храбро во стварноста. Останатите категории ја зголемуваат впечатливоста на дејствувањето и трансцендентно ја обелоденуваат неговата длабочина. Тие се инкорпорирани во сложената динамика на претставата за дејствувањето и во дејствувањето како такво, како што механизмите на интуицијата се инкорпорирани во когнитивните центри што ги користат. Таквите интуитивно спознатливи впечатоци и квалитети што го опкружуваат и соконституираат дејствувањето ја збогатуваат инсценацијата и уште повеќе стварноста која се одвива по нејзин вкус. Егзистенцијалниот израз на дејствувањето и самопроекцијата полна со диспозиционални и агонистички настани ги зрачи овие невидливи динамични системи. Тој се претвора во панконтекстуална целина која ги крие систематичните моменти толку колку што ги обелоденува. Инсценацијата и стварниот антагонистички настан отсликуваат емоционални состојби, афекти, душевни пројави, таинствени расположенија, несвесни мотиви и сл. Но, тие се само поединечни изблици на системската динамика која се одвива во позадината на случувањата и која ги сообликува самите настани.
За жал, колку и да е занесно крвожедното лудило на Ајакс што го реконструира субјектот, тоа не може да го инспирира зан ишто друго освен за самоубиство, што според субјектот е скандалозно и недозволиво. Неговата моќ на уверување исто така чудно ослабува поради пејзажите на екстремно делузивно и преусилено насилство. Тој станува имагресивен, ужасниот призор и примордијалната фрустрација што потекнува од амбивалентните квалитети на призорот не ја зголемуваат дополнително фрустрацијата. Субјектот се помирува со сликата на работите како нешто што морало да се случи, не ги истакнува луто и постојано работите што го спречуваат целосно да ужива во инсценацијата и очекува непријатностите и да се надминат сами по себе.7 Од една страна, тој добива ветар во грбот на овој или оној начин, ама тоа не е доволно за да ја надмине дадената фаза на сопствен развој. Од друга страна, ситуација ја спасува тоа што соблазнителната претстава на Ајаксовото лудило, му отвора нови конструктивни можности, бидејќи и самата претстава е конструкција која излегува од рамките на сите претходни обиди да се инконструира произволен образ.
Субјектот ги зеде основните елементи на архетипот наречен Ајантов комплекс, или античка претстава за делузивната замена на идентитети измешната со делузијата на грандиозност. Екстремниот антагонизам, колежот на погрешни мети при обид да се воспостави контрола врз штетата, себепревознесувањето кое ги пречекорува сите граници на пристојност и мера, расположението кое е приближно пресликано од класичната драмска и митска слика, суштината на реасимилација, објектот на величината и жртвите од животинскиот свет – сите влегоа во новиот модел на самоидентичниот архетип. Се променија околностите кои доведоа до основниот исход, додека исходот остана ист, со потенцијал да се поврзе асиметрично со последичните случувања од трагедијата на Софокле. На оваа слика на работите и недостига Атина и нејзината моќ да им го одземе умот на другите. Таа е заменета со физичката природа која ги манипулира иницијалните психички состојби на Ајакс. Исто така, не се знае што точно им претходи на „ониричните херојските активности“. Последново, ја доближува предсмртната ситуација на Ајакс до митот и неговата таинствена животна димензија и во исто време ги исфрла сите дадени околности во кои се вплетуваат самоубиството и паѓањето во лудило. Така, два стари модуси на настанот соработуваат и ѝ се покоруваат на потребата да се изготви пософистицирана претстава на самоидентичната и архетипска драма. Во раниот среден век, за вистински архетипски претстави се признавале само соништата, искуствата и визиите кои се поврзани со откровенија на задгробниот живот. Но секое откровение не било вистински архетипско. Тоа требало да ги исполнува преовладувачките критериуми кои се заклучувале во одредени стереотипни врски што се провлекуваат во секое веродостојно откровение.8
Ние буквално ги наброивме сите стереоскопски врски што го составуваат архетипот Ајаксов комплекс. Секоја претстава која се гради врз основа на овие стереоскопски елементи и се модифицира без да изостави макар еден суштински елемент е матрична слика на самоидентичниот архетип. Ако во претставата доминираат стереоскопските елементи и врски но постојат и значителни измени и додатоци слеани со други конвергентни контексти, тогаш таа е архетипска, толку колку што потсетува на изворната самоидентична форма. Самите стереоскопски елементи го менуваат впечатокот за себеси во зависност од тоа што со каков медиум градат врска. На пример, влијанието на физичката природа врз Ајакс помага да се образложи темелно порастот на морбидно агресивно расположение повеќе отколку гестот на божицата Атина. Ако овие врски ја менуваат самоидентичната форма на архетипот така што ја збогатуваат со имплицитни контексти, тогаш промената е позитивна. Ако пак, се отуѓуваат од фиксната синопичката логика на архетипот, тие го дробат и го хибридизираат. Без разлика колку ќе биде софистициран, таквиот архетип се претвора во елемент на покрупен скеч од архетипски претстави и ја губи самобитноста во маглите на многузначни и комплексни архетипски врски.
Основните елементи и врски во чистиот идентитет на архетипот, се стереоскопски затоа што можат да бидат видени од различни семантички и естетски перспективи што им ги овозможува нивната синтеза со сродни околности, контексти и објекти. Генералната структура на елементи и врски мора да остане претежно иста, без разлика на субјективните мотиви, колективните мотиви, животните ситуации, преплетувањето на околностите, пригодните внатрешни модификации, распоредот на стереоскопски поредоци. Секои додатоци олицетворени во променетиот аранжман на околности, замената на главниот лик со други ликови и на една животна констелација со друга, додавањето моменти кои ја збогатуваат сликата на работите без да ја изместат од колосек нејзината длабока оска, се компоненти на матричната слика. Што помалку изворната самоидентична форма се изместува од колосек, толку подобро се забележува архетипот во серијата настани кои можат, но не мора да се темелат во него и да го истакнуваат. Во оваа смисла, „архетипот и матричната слика ја врзуваат кумулативната форма на информации која се слева во генералната структура“.9 Во кумулативна форма на информации спаѓаат сите фактори на стереоскопска врска, односно, примордијални стереоскопски елементи и нивните врски и ипостаси модификцирани под дејство на додатоците и осмислените егзистенцијални околности. Генералната структура, пак, е составена исклучиво од основните стереоскопски елементи и врски, кои се конфигурираат во согласност со синоптичките состојби на чистиот архетип. Сите додатоци и диверзифицирани распределби на фиксните елементи и врски пак, го преобликуваат релативно архетипот и му наметнуваат матрична форма.
Не постои архетип што може да се согледа сам по себе, ако пред тоа, не биде претставена одредена матрична слика (под што подразбираме одрден архетипски настан со сите обележја на архетипот). Додека ја набљудуваме матричната слика, односно една од егзистенцијалните и семантички ипостаси на архетипот, ние го воспримаме и уловуваме прецептивно самиот архетип, неговата изворна самоидентична форма. До чистиот архетип и неговата самоидентична форма можеме да дојдеме на два начина. Или како Карус преку „следење на алтерациите на базичната структура“,10 или појасно кажано, преку споредба на различни матрични слики кои можат да се однесуваат на еден настан (како во случајот со субјектот и неговата реконструкција на Ајаксовата трагедија) или да бидат два засебни настани кои си ги разменуваат главните архетипски и стереоскопски својства. Или, како Томсон, со ситуирање на матричната слика во координатен систем кој е составен со извлекување на главните стереоскопски елементи и врски од архетипот што сме го антиципирале фрагментарно благодарение на препознаените примордијални компоненти содржани во него. Со други зборови, матричната слика ја ставаме на прокрустовата постела, наречена координатен систем кој не е изграден во целост, ама е доволен за да ја расчлени разменливата целина и да покаже (во зависност од степенот на подготвеност на системот) кои нејзини аспекти се совпаѓаат со архетипот, а кои не.11 Ваквата споредва на матричните форми, е единствен начин, да го изгради целиот коодринатен систем.
Честопати, посебно ако матричната слика отсликува едноставен архетип каков што е човекот кој не дозволува да му се гази на тревата, не е потребен координатен систем, разменливи матрични слики, ниту алтерации кои ќе го привлечат вниманието на класификаторот. Тогаш, дури ни „архетипот како матрична слика нема да има потреба од супстрат“,12 односно нема да има потреба од чиста синоптичка претстава на архетипските околности. Генералната структура на архетипот составена од фиксни стереоскопски елементи и врски и информациите кои потекнуваат од синтезата на стереоскопските основи и нивните конкретни модификации ќе се компресираат во едноставните и лесно препознатливи матрични слики што го одразуваат архетипот. Субјектот нема да мора да ги проверува информациите за да види дека матричните слики што претпоставува дека се сродни, навистина се генерално идентични. Семантичката констелација на сликите има една матрица. Затоа архетипот е лесно препознатлив во секоја слика посебно.
Фиксните компонентни на архетипот (елементите и врските) ја формираат неговата синоптичка претстава и ја предодредуваат неговата самоидентична форма. Без да се изгуби објектот на величина, делузијата на грандиозност не може да избувне, а лудилото не каде да фати корен. Понатаму, ако лудилото не се запали, делузивната замена на идентитетот никогаш нема да биде произведена. Без жртвените животни делузивната замена на идентитетот нема да биде од никаква корист и трагичниот исход нема да настане никогаш. Овој модел на врски и елементи може да се размножи, развие, промени, продлабочи. Колку повеќе има основни елементи и врски и колку посистематски и поцелосни се нивните описи, толку поразновидни можат да бидат егзистенцијалните околности кои формираат матрични слики. Но збогатувањето на фиксните компонентни има граница, исто како додатокот од околности кои ги зацврстуваат темелите на архетипот. Фиксните компонентни ги охрабруваат на додатоците да се пројават и да ја збогатат основната структура на компонентите. Ова соработка произведува софистицирани описи. Описите зависат од двата интерактивни корелати. Додатоците и модифицираните околности постојат за да ја прошират улогата и суштината на фиксните компонентни така што обликуваат моќта мартична слика.
Субјектот може да препознае еден архетип додека матричната слика што ја гледа ја асоцира со друга матрична слика што ја видел претходно. Архетипските контексти на случувањата во двете слики се исти ама содржат пројави со различна егзистенцијално-социјална форма. Само ако постои ваква разлика помеѓу сликите, тие се матрични. Ако радикално се смени архетипскиот контекст напоредно со егзистенцијално-социјалната форма, тогаш пропаѓа идејата за архетипот. Ваквите универзални и генерални сличности во нивните структури мора да преовладаат или да бидат видливи на завидно ниво, за субјектот да почне да се интересира за фиксните компоненти и да почне да го создава нивниот категоричен координатен систем. Поинаку, се што се случува, колку и да е комплементарно, нема да му остави асоцијативен холистички впечаток.
Во продолжение на ова, субјектот ги извлекува поединечните фиксни компоненти од асоцираните матрични слики на два начина: стереоскопски и стереографски. За да ги објасниме двата типа екстраполација, ќе го позајмиме примерот погоре.
Физичката природа се однесува на посебен начин подолг временски период. Ова однесување на природата влијае врз ониричкото расположение на Ајакс и врз неговите ментални проекции во сонот. Самиот континуитет на интеракција помеѓу душата и промените во физичката природа, остава простор да се опишат исцрпни проактивни и реактивни процеси, кои се слеваат едни во други и го потенцијализираат наративот. Ова е посложена матрична слика. Злонамерниот гест на Атина ја претставува поедноставната матрична слика. Атина го проколнува Ајакс интимно и трансцендентно, без да се вложи на видлив (церемонијален, аудитивен или гестикуларен) ритуален начин. Како и да се раѓа лудилото во Ајакс, без разлика колку брзо или споро Ајакс го заменува идентитетот на животните со идентитетот на непријателите, на крај, независно од конфигурацијата на раѓањето, постои процес на полудување, својствен за двете разделени причини кои го поттикнуваат. Причините се доведуваат во врска со последицата, а последицата со причините. Какви и да се причините последицата е секогаш иста. Поради нераскинливата врска со последицата, причините влегуваат во склоп на архетипот, иако имаат различни конституции и темпа. Начинот на кој се остваруваат причините е различен, ама контекстот е ист бидејќи предизвикуваат една иста последица, едно исто лудило. Субјектот во исто време извлекува две фиксни компоненти, универзалната причина (деликатниот извор на лудилото) и универзалната последица (лудилото како такво). Нив им се пдирдружува една асоцијација (едноставниот извор на лудилото) која има еднаков контекст со својот корелат не сама по себе, туку од перспектива на последицата. И таа може да стане универзална причина, ако се стави на местото на деликатниот извор, т.е. физичката природа и нејзините постепени влијанија.
Двете матрични слики понудија две фиксни компоненти (првоизбраната универзална причина и незаменливата последица) со можност едната да го промени обликот на дејствување (другата од универзалните причини која може да ја замени првата). Секоја поединечна замена има крупни импликации врз холистичката претстава на контекстите. Извлекувањето фиксни компоненти преку споредување на две матрични слики не е едноставно како што изгледа. Не само што е сложен начинот на извлекување, туку, се извлекуваат неколку фиксни компоненти меѓу кои, некои од нив можат да се заменат и преклопуваат симболично. Стереоскопската постапка се лизга од рацете на умот.
Универзална причина ја нарекуваме фиксната компонентна која поттикнува други фиксни компоненти. Според тоа, причината се претвора во последица, ако друга фиксна компонента ги поттикне нејзините потенцијали. Во оваа каузална низа влегуваат последици кои се врзуваат за матричните форми на поединечните фиксни компонентни и ги претвораат фиксните компоненти, во компоненти од прв, втор, трет ранг итн, при што распоредот е флексибилен и зависи од холистичкиот контекст на целината во која влегува архетипот. Затоа, иако каузалитетот следи една низа, елементите на низата се распаѓаат на помошни поткатегории кои можат да ја променат и модифицираат целата егзистенцијално-социјална констелација без да го изобличат постојаниот архетипски контекст. За среќа, овој метод се објаснува полесно од претходниот.
Стереографската постапка потекнува од едно специфично набљудување. Субјектот го набљудува исклучиво обликот на настанување и пројавување на една фиксна компонента во две различни матрички слики. Ќе го илустрираме овој метод продолжувајќи го претходниот пример. Значи, бидејќи проклетството на Атина нема форма која се одвива во времето и просторот, лудилото настанува махинално, го обзема Ајакс од ведро небо и го присилува срамно да го извалка херојскиот етос. Софокле го опишува во кратки црти деранжираното расположение на гигантскиот херој и неговите морбидни интенционални дезинхибиции. Му пристапува минималистички на лудилото што се раѓа. Ја покажува душевната и проактивната страна на раѓањето. На крајот на денот, тоа се само психотелесни состојби кои воспоставуваат некаков однос со репресивната стварност. Во реконструкцијата на субјектот, се речиси опипливи тегобите во кои се раѓа лудилото. Однадвор, физичката природа притиска врз Ајакс, а одвнатре менталната самопроекција го измачува дополнително субјектот затоа што тој не може да се избори со непријателите кои го понижуваат успешно. Причините кои го раѓаат лудилото не се фиксни компонентни. Нив може и да ги нема. Тие се релативни додатоци и возбудливи модификати. Но само ако го стави лудилото во нивните вкрстени сенки, субјектот може да го дијагностицира лудилото и да определи дали се работи за лудило од ист нозолошки тип, т.е. за самоидентично лудило. Тие се нозографски дескриптори кои го ориентираат во дијагностичкото пространство. Првата причина за лудило, односно апоплектичните симптоми што се нафрлаат врз неговото битие како сипаници го отсликуваат лудилото од телесна, душевна и интенционална перспектива. Втората причина олицетворена во физичката природа и менталната самопроекција соединуваат повеќе топосфери за да покажат како нивните соодноси го разгоруваат лудилото. Субјектот стекнува квазигеометриска свест за самоидентичноста на лудилото така што разгледува две појави кои го отсликуваат лудилото од две различни конвергентни и кохерентни перспективи. Овде најважна е последицата (лудилото), но, таа зависи од двете пројави, поточно причини, кои треба да покажат сличности од две посебни перспективи.
Дефинициите за стереоскопско и стереографско воспримање и набљудување се развиваат во контекст на архетипот и неговите матрични пројави. Затоа е многу тешко да се прати ретроспективно таквиот нивен развој и да се покаже траекторијата на враќање од сложената форма на имплементирање кон дефиницијата. Како што е тешко да се оствари ваквата ретроспекција, исто толку тешко е да се остане на синоптичко и чисто самоидентично рамниште на архетипот. Една од фиксните компоненти на Ајаксовиот комплекс е сеќавањето на понижувањето на херојот и одземањето на објектот. Оваа единица, може да се апстрахира уште повеќе. Избраната фиксна компонента може да се сведе на „чисто непријатно искуство кое го засега хиперсензитивното его“. Всушност, ова е најверодостојна фиксна единица. Колку повеќе се унапредува најверодостојната фиксна единица и колку поразвиена описна форма стекнува, толку посинхронизирани со неа треба да бидат другите фиксни компонентни. Конкретизацијата на секоја фиксни компонентни зависи од конкретизацијата на сите останати фиксни компонентни. Така се формираат степени на фиксираност. Дескриптивните степени не ја укинуваат фиксираноста. Фиксираноста се укинува само ако единицата се откине од оптималната холистичката целина на архетипот. Укинувањето не зависи од степенот на опишување, туку од складноста со основните архетипски контексти.
21.
Познавањето на суштината на архетиповите во умот на субјектот расте секоја минута. Тој го сумира она што последно го спозна.
За да извлече една фиксна компонента стереографски, субјектот мора една архетипска карактеристика да види во светлото на две различни околности. Околностите ќе ги откријат модуларните спецификации на архетипската карактеристика. Откако субјектот ќе се увери дека архетипската карактеристика е правдоподобна и се вклопува во неколку сродни настани и слични контекстуални околности се подготвува да ја вгради во координатниот систем. Околностите на кои им припаѓа карактеристиката не ја нарушуваат нејзината позиција во непроменливиот систем на архетипски констелации. (Патем, тој сеуште не знае дека целините и карактеристиката се архетипски. Се ослонува само на нивната штотуку откриена или понапредна метаконтекстуална идентичност.) Освен тоа, видовме дека постојат фиксни компоненти, кои се пројавуваат како последици истакнати помеѓу две причини. Тие имаат свои генетски генеративни структури, кои се пројавуваат во зависност од одредени инваријантни околности. Овие структури го покажуваат идентитетот на фиксната компонента која има форма на последица од различна перспектива и со различен интензитет. Опфаќањето на архетипскиот идентитет на фиксните компоненти-последици е стереографско се надоврзува на стереоскопската постапка и го соконституира коодринативниот систем на холистичкиот архетип. Секоја архетипска формација, од наједноставниот кој претставува карактерна особина и нејзината интеракција со светот и луѓето до најсложениот кој вклучува неколку неконтингентни подархетипови, е холистички, бидејќи содржи фиксни компоненти од кои зависи неговата генерална структура без разлика на нејзината големина.
Субјектот сеуште нема направено грандиозен исчекор додека конструира креативно архетипски претстави. Тој нема соединето два различни архетипови во една потресна конзистентна целина. Бидејќи има силно развиена свест за градативно формирање структури што му го даде динамично-системскиот корпус на интуицијата, тој за почетна точка го зема апоплектичното расположение на Ајакс. Од ефект „притеснет“ помеѓу две причини какви што се осветољубивиот карактер на пречувствутелното его и сериските неправди извршени врз него, го вооружува и го претвора во основа на архетип што го еуфемизира Ајаксовиот комплекс. Апоплектичното расположение беше семе на крвожедното лудило кое никна во битието на Ајакс и го роди пеколниот исход. Но во неговиот архетип, лудилото и неговите практични злосторства, беа една од последиците на пречувствувтелното его кое не може да се справи со имплицитната навреда. Тој прави рокада, ја заменува главната причина со најекспозиционалната од последиците, за да се справи со понижувањата и навредите што тој ги трпи од виртуозниот узурпатор. Субјектот нема да развие оригинално апоплектично расположение, и покрај тоа што, неговата неурамнотежена форма, повеќе ќе го претстави расположението и неговите експликации како артикулиран отколку како неартикулиран процес. Инфериорноста уште го клука неговото срце и го спречува да се однесува спонтано и бестрашно во целост. За среќа, во оваа ситуација, ваквата пречка е своевидна предност, бидејќи ги амортизира интеракциите да не ескалираат и процесите да не експлодираат. Не дозволува да пропаднат диспозиционалните придобивки што субјектот може да ги добие од потенцијалите на деликатниот предизвик.
Па така, ја преусвојува на својата оштетена авторитативна позиција за да се соочи со лукавиот противник. Не се обидува да си го врати физичкото место, ниту го обвинува противникот за узурпација. Знае дека со тоа ќе ја засили неговата лажна светост. Тој почнува наместено да го демонстрира својот гнев додека заповеднички му налага на потчинетиот да ги извршува работите. Со тоа му дава знак дека е решен да игра сериозно. На крајот на краиштата тој е најодговорен, надреден, покажува виска свест за функцијата, ја оправдува и го докажува својот авторитет преку ефективно исполнување на власта. Во такви околности, другиот нема тактички и стратешки механизми на отпор. Не само што ги презема работите во свои раце, туку будно следи што се случува, за да не остави луфта, со што ќе му даде изговор на соработникот-поткажувач да ја пополни празнината со своите малверзации. Субјектот повеќе не одбива да учествува во таквите игри туку прави нешто позначително. Секој обид на другиот да ги промени тивко и своерачно работите, да го поткопа решението на субјектот со тоа што ќе прави се да издејствува да се оствари неговиот предлог, да го збуни со своето непредвидливо однесување, или „добронамерно“ да ја доведе во прашање цврстата одлука пред поголемите авторитети во животниот сектор, завршува со одлучно пресекување на таквите иницијативи.
Субјектот ќе го испроба во пракса ова архетипско однесување и ќе успее. Всушност, со тоа што субјектот го еуфемизира Ајаксовиот комплекс, тој го преобрази и го усоврши. Лудилото го замени со артикулиран апоплектичен екстремизам, убиството на непријателите го претвори во радикално организиран стратешки потфат, навредата и понижувањата ги искористи како стимул за храбро постапување, која не беше лесно да се воспита и искористи. Секој параметар на фиксните архетипски компоненти се менува, бидејќи субјектот воспоставува специфичен однос со личниот проблем кој може да доведе до модифицирана објективација на примордијалниот Ајаксов комплекс. Со други зборови, субјектот можеше да направи скандал, да избувне, да го „сусптендира“ противникот, ама со тоа ќе си предизвикаше духовна смрт. Но тој го преориентира архетипот, му даде димензии кои му одат во вистинска полза на субјектот и не го предизвикуваат ајаксовиот колапс. Оваа преобразба на архетипот од „ранлив“ во „грандиозен“, односно преориентацијата во исходот и генералната употреба на фиксните компоненти, не го смени едниот архетип со друг, туку претстави „паметна верзија“, упатство за висока стратешка употреба и „реформа“ на негативните архетипови.
Видовме дека Ајаксовиот комплекс е екстравагантен архетип што може да ги менува констелациите, па дури и да се сместува во други животни ситуации така што најнапред ќе се смесни редоследот на фиксни компоненти што ја создаваат неговата динамична егзистенцијална структура и преку нив да се преобрази од екстравагантен во еуфемистички. Овие преместувања на архетипот и прераспределби во рамките на неговата генерална структура, создаваат услови за формирање „меки“ и “тврди“ матрични слики. Субјектот ја промени внатрешната констелација на Ајаксовиот комплекс без да ги замени априорно препознатливите односи, личности и искуства: квинтесенцијалната слика на работите ја претвори од митолошки и театарски во натуралистички со квазимитолошки, или митогени црти. Никој не може јасно да потврди дали боговите вистински управуваат со физичката природа во реконструкцијата на субјектот. Во таа смисла, реконструкцијата е квазимитолошка. Активностите на природата и нивните последици се митогени само по себе. Тешко е со голема самоувереност да се утврди дека физичката природа не игра улога на бог што го поттурнува Ајакс кон злодело. Како и да е, архетипот може да се модифицира сам во себе, што подразбира процес на преобразба, усложнување или поедноставување на внатрешните мотиви, описи, случувања и исходи. Тој исто така може да се модифицира во согласност со субјктивните искуства и со животните предизвици на субјектот. Тогаш, тој или поприма црти на грандиозност или црти на ранливост. Овој психоцентричен вид на архетипска промена е неизбежен некои во случаи кога субјектот се соочува со околности што ги содржат неговите генерални предиспозиции. Дали притоа, архетипот ќе се менува психоцентрично и колку зависи од околностите што искуствата и предизвикот ги градат заедно. Важно е да се знае како генералната структура од фиксни архетипски компоненти ќе срасне со елементите на егзистенцијалните околности.
Субјектот може да го копира интегралното однесување на Ајакс и да го примени како оружје во својот предизвик, или може да го модифицира и приспособи на намерите за надвладување. Ако го присвои и примени интегралното однесување на Ајакс, тоа нема да биде инваријанта на ситуацијата во која се наоѓа Ајакс митолошки и драмски, бидејќи предизвикот има сопствена егзистенцијална конституција и сопствени аспекти. Секој однос што субјектот ќе го воспостави со противникот и опкружувањето ќе ги осветли елементите на интегралното однес со светлината на својот егзистенцијално-социјален контекст. Системот од односи ќе го промени впечатокот што интегралното однесување го остава како „идеја“ и како „елемент на друга матрична слика“. Прво нешто што го менува впечатокот е тоа дека интегралното однесување на Ајакс е крволочно (екстравагантно во бестијална смисла), а однесувањето на субјектот е претерано од чиста психотелесна и гестурална перспектива (исто така екстравагантно на свој начин, но еуфемизирано ово споредба со тоа на Ајакс). И покрај тоа, генералната структура на архетипот ќе се преслика речиси целосно во предизвикот затоа што елементите на интегралното однесување ќе бидат присутни во предизвикот, независно дали отсликуваат моменти на пролевање крв или моменти на симболично злоставување. Поради таквата околност, архетипските моменти во предизвикот и архетипските моменти во трагедијата на Ајакс, ќе бидат изоморфни толку колку што ќе ја содржат генералната структура секој посебно. Начинот на кој ја содржат и кој зависи од егзистенцијално-социјалните околности не игра значителна улога. Се што е архетипски сродно ќе има епитомски предиспозиции дури и ако неговата форма е резултат на пониски садистички и диспозиционални интензитети. Се, пак, што не е сродно во егзистенцијално-социјална смисла (од локални ситуации преку стимули и одговори до акции и реакции) ќе им припадне на матричните разлики.
Субјектот ја редефинира употребата на архетипот во својот предизвик. Сите афективни моменти ги става во служба на стратешките планови и со самото тоа ја модифицира нивната форма, без да ја измени нивната природа. Во секоја постапка, состојба и својство што го карактеризира интегралното однесување на Ајакс тој го претвора во елемент на архетипот кој ја соконституира со другите елементи неговата чиста изоморфна конституција. Артикулираното апоплектично расположение останува деструктивна состојба, практичната и ригорозна демаркација на овластувањата е еден вид легалистичка освета, чувствителното покажување власт го залечува раните на пречувствителното его. Накратко, субјектот го заменува физичкото насилство со перформативно. Називот на фиксните компоненти и нивната структура, во случајот олицетворена во интегралното однесување, се менува во согласност со тоа како ги практикува субјектот или централната архетипска фигура. Тоа воопшто не ја засега чистата изоморфна конституција на архетипот. Тој има изоморфна конституција затоа што има генерална структура според која се препознава imprimis (посебно). Во неа, еден фиксна компонента сведена на основната дефиниција, може да се отелотвори во повеќе облици и да соконституира повеќе сродни егзистенцијално-социјални структури.
Во сржта на секоја поединечна егзистенцијално-социјална пројава на фиксните компоненти се наоѓа една состојба и еден мотив. Неподнесувањето на претрпената навреда е таква состојба, а осветата е нејзин мотив. Тие мора да доведат до друга фиксна компонента која се наоѓа априори во генералната структура на архетипот: убиството, враќањето на власта или др. Секоја состојба, секој мотив и секоја егзекуција, зависат од условите што на нивниот систем им ги поставуваат егзистенцијално-социјалните околности. За да има подобар трансцендентален увид во секоја фиксна компонента посебно, субјектот ја извлекува од чистиот архетип и од егзистенцијално-социјалната форма, па ја става меѓу нив. Така, таа не е ни поим, ни сликовна претстава, ни елементарен опис ни матричен објект, туку ентитет провиден како водата која може да поприми облитој да не биде ни физички ни текстуален, туку нешто меѓу тоа. Овој водолик транслуцентен ентитет не само што ја претставува изоморфната природа како таква, туку покажува зошто самиот тој може да се претвори во атрибут на една чиста конституција и да ја засили нејзината холистичка изоморфна структура. Како што се редат едни до други, така овие компоненти ја составуваат генералната структура на архетипот. Тие се додаваат една до друга како капките вода, па формираат еден интегрален ентитет, кој ја има истата текстура како нив. Разликата помеѓу водата што се собира и таложи во себе и овие изоморфни единици, е тоа што, во својата безлична форма ги носат информациите поврзани со чистата конституција и со егзистенцијално-социјалните форми од кои се извлекуваат знаења за архетипот и неговиот интегрален изоморфизам. Тие се депоа, во кои се изедначуваат до непрепознатливост сите пројави на нивната суштина. Сите овие едноставни целости, соединуваат сложени атрубит на архетипот поврзани исклучиво со нив и ги прикажуваат како „мечтата која е голема и моќна кога со еден молњевит скок ги фаќа и ги осветлувасите сличности“.13 Најпосле, тие се соединуваат, имајќи предвид дека не смеат да го раздробат примордијалниот изоморфен лик и единство на архетипот. Се соединуваат се додека нивната конзистентна количина, не го одрази архетипот, а архетипот не се претвори во метафора за првата апстрактна философска мисла: „се е едно“. Ова е еден софистициран, талесовски приказ, за тоа, како архетипот воспоставува врска со своите атрибути на елементарно рамниште и какви се самите атрибути, на истото тоа рамниште.
Оваа строга многузначност на фиксните компоненти се пренесува и врз нивниот однос кон архетипот кога станува збор за неговата употреба во предизвикот својствен за субјектот. Генералната структура го менува интензитетот и редоследот во согласност со пристапот на субјектот; некои формации повторува други запоставува во зависност од локалните предизвици што му ги наметнува противникот. Новата употреба ќе го модифицира основниот облик на фиксните компонентни. Субјектот ќе ги искористи во оваа или онаа ситуација, ќе ги преувеличи или разводне, ќе ги распореди така како што смета дека е стратешки најсоодветно. Тој ќе го претвори архетипот во своја играчка, ќе го извртува безмилосно и ќе манипулира со неговите можности, се додека не го фрли противникот на колена. Сите вака променети фиксни компоненти остануваат дел од архетипскиот систем, тие дури и остануваат верни на логиката на архетипски развој и ја почитуваат неговата фиксна конституционална организација како догма. Па сепак, нивното „однесување“ е двосмислено: и покрај тоа се преориентираат кон копнежот да се достигне безусловна победа и целосно се приспособуваат на него. Тие се недоследни и ги следат трендовите на генералната ситуација исто како афектите на помамата, но во исто време, секогаш му се враќаат на претстабилизираното архетипско единство, иако претходно го укинале и повторно ќе го укинат.
Архетипот се поместува: а) од чистата форма на самоидентичност и од чистата синоптичка репрезентација кон некоја си егзистенцијално-социјална форма; b) од оригиналната конкретна форма кон нејзиниот радикално или релативно модифициран епитом; или c) од некоја првична егзистенцијално-социјална форма кон друга слична и вторична, која има сопствена конституција видливо поинаква од првичната. Премисата а) се однесува на архетипот како таков кој се стреми да се соедини со одредени егзистенцијални пројави и никнува од нивната експликативна внатрешност. Веќе најдовме модел за премисата b) олицетворен во разликите помеѓу Ајаксовиот комплекс (и судбина) во трагедијата и реконструкцијата на субјектот. И за премисата c) имаме компаративен модел: архетипот наречен Ајаксов комплекс се разликува драстично од предизвикот со кој се соочува субјектот и е поврзан со соработникот-поткажувач, без разлика која форма на Ајаксовиот комплекс како таков ја избереме за да ги споредиме. Предизвикот ја инвертира смислата на архетипот, го претвори од ранлив со екстремни примеси на грандиозност во постојано грандиозен со релативни и полезни колебања. Освен тоа, егзистенцијално-социјалната форма на предизвикот не е во ништо слична со претстава на Ајаксовиот комплекс и неговата судбина, освен според генералната структура и основните форми на нејзината фиксна констелација.
Архетипскиот епитом се разликува од егзистенцијално-социјалните форми кои се сродни по архетипска линија. Реконструкцијата што ја направи субјектот е епитом на случувањата во трагедијата од Софокле, затоа што поставува генерички наративни критериуми, и во исто време ја менува нивната ситуативна форма. Но субјектот ја извлекува основата од архетипот втемелен во епитомските корелати и ја сместува во неговата проблематична животна ситуација. Поради примордијалната егзистенцијално-социјална форма на предизвикот, генералната структура на архетипот трпи промени, без да ги изобличи радикално своите основи. Се што е заедничко за епитомските корелати од една страна и егзистенцијално-социјалните форми во кои архетипот се пројавува засебно, е генералната структура. Тој создава матрични потенцијали кои се вградуваат во различни драматични комплекси.
Генералната структура на архетипот се разликува од генеричките наративни критериуми. Предизвикот има свои генерички наративни критериуми, во судбината на Ајакс има свои. Субјектот во предизвикот е понижен и му е одземена „позицијата на авторитет“, како што Ајакс е понижен бидејќи му го одзедоа „објектот на величина“. Субјектот се обидува да се бори против напаста со апоплектични методи, исто како Ајакс. Ајакс им се осветува на крадците, а субјектот го дисциплинира соработникот-поткажувач осветољубиво. Нагонот за реванш, психичката состојба на инфериорност и обидот за борба (независно дали е релативно артикулиран или радикално неартикулиран) се елементи на генералната структура и фиксни компоненти. Нивните генерички форми можат описно да се развијат во согласност со егзистенцијално-социјалните форми на архетипска интеракција. Генеричките наративни критериуми произлегуваат од егзистенцијално-социјалните форми на архетипско одвивање. Тие им помагаат на генеричките фиксни компоненти да се развијат и да станат надгенерички. На пример, дали нагонот за реванш ќе се претвори во крвава освета или во дисциплинарен перформанс, зависи од егзистенцијално-социјалната форма на чистиот архетип отелотворен во неа.
Реконструкцијата и Софокловата трагедија посветена на Ајакс, се епитоми затоа што следат едни-исти генерички наративни критериуми. Тие се инваријантни затоа што можат да прават промени во рамките на генеричките наративни критериуми какви што се осветата кон непријателите, хиперсензитивноста која не може да ја поднесе навредата и апоплектичните процеси што ја медитираат разврската. Нивните инваријантни потенцијали, односно можноста да се менуваат матрично на ограничен начин, ја откриваат нивната емпитомска корелација. Доволно е на овој комплекс од врски да му се наметне една сложена егзистенцијално-социјална форма што не му припаѓа за да ги растури инваријантните и епитомски пројави.
Преобразбата на архетипот воопшто, односно преобразбата на секоја негова сложена или едноставна егзистенцијално-социјална форма, вклучува психоцентрични карактеристики. Тие се начини на егзистенцијално-социјален развој кои симболизираат една или друга антиномична психичка состојба. Следно, архетипот се усложнува или поедноставува во знакот на една психоцентрична карактеристика или „дијагонално“, додека се преплетуваат разни интензитети на едната и другата психоцентрична карактеристика. Навестивме дека во судбината на Ајакс и во предизвикот на субјектот, еуфемизмот и екстравагантноста, ранливоста и грандиозноста се преплетуваат различно. И субјектот и Ајакс се егзалтираат под дејство на интензивното апоплектично расположение. Но варијабилниот интензитет на расположението и наизменичното заменување на биполарните состојби, ги води кон исходи и постапувања со различни форми. Варијабилноста и наизменичното заменување се разликуваат затоа што самите егзистенцијално-социјални околности со кои се соочуваат Ајакс и субјектот се разликуваат меѓу себе. Духот на постапките, пречките, предизвиците, проблемите и задачите е ист, ама нивната пројава е различна кој параметар и да го земеме.
Еве на што мислиме. Субјектот е ранлив, но ја потиснува ранливоста и ранетоста зад апоплектичното расположение и ригорозните дисциплинарни постапки што се обидува да ги контролира. Обидот да ги контролира состојбите на инфериорност и повлекувањето од одговорноста е форма на градниозно постапување. Ајакс не може да го контролира апоплектичното расположение затоа што го обзема ранливоста. Тој е толку ранлив што се што му останува за да ја умртви оваа неподнослива состојба е да се однесува грандиозно на инстинктивен, див и неприфатлив начин. Двете однесувања, содржат еуфемистички и екстравагантни моменти. Еуфемистички моменти се сите при кои Ајакс или субјектот ги забавуваат диспозиционалните иницијативи. Екстравагантни се пак, сите моменти кои го одразуваат нивниот подем. Колку се поочигледни диспозиционалните ставови на засегнатите, толку е поекстравагантен духот на случувањето. И колку се поголеми инфериорните гестови толку е поефемизиран настанот како таков. Ако диспозиционалните постапки се артикулирани се намалува впечатокот на екстравагантност, односно еуфемизмот продира во нејзините пространства. И обратно: што понеартикулирани се диспозиционалните постапки, толку поголем замав зема екстравагантноста и го истиснува еуфемизмот.
22.
Архетипот како таков има неколку модуси, кои ги спомнавме на различни места во текстот. Тој има чиста изоморфна конституција. Тоа значи дека каква и да е егзистенцијално-социјалната пројава, ако го содржи, тој секогаш ќе го остава неговиот холистички впечаток, независно од формациите на одвивање и интегралните модели. Архетипот содржи генерички фиксни компоненти кои формираат генерална структура со сопствен метаконтекстуален поредок. Вака формираната структура има чиста самоидентична форма и ваквата структура е сама по себе чиста самоидентична форма. Генеричките фиксни компоненти не можат да се замислат во редослед поинаков од нивната предстабилизирана конфигурација, иако честопати се прераспределуваат, мултиплицираат и повторуваат во егзистенцијално-социјалните форми. Благодарение на фиксниот редослед (или конфигурација која подразбира нелинеарно ширење, т.е. ширење на разни страни), ние генералната структура на фиксни компонентни, чистата изоморфна конституција и чистата самоидентична форма, можеме да ги воспримаме како чиста синоптичка претстава.
Претходниот параграф ја мапира интегралната претстава на архетипот како таков (чистиот архетип). Во чист архетип не спаѓа архетипот воопшто, туку поединечниот архетип кој може да се смести во многу варијабилни модели складни со неговите критериуми за постоење и развој. Според последново, архетипот се преместува во различни егзистенцијално-социјални модели, пренесувајќи ја во нив својата класно-вообличена атмосфера. Ако архетипот се преместува од една егзистенцијално-социјална констелација која се разликуваат радикално според моделот од претходната во која бил сместен пред да излезе, тој санува подложен на инваријации. Но егзистенцијално-социјалните констелации остануваат идзвоени ентитети и идентитети, кои немаат врска со инварирањето на архетипот. Архетипот трпи инваријации бидејќи егзистенцијално-социјалните констелации ја модифицираат генералната структура. Следнава споредба би требало да не увери зошто тоа е така. Една од генеричките фиксни компоненти на архетипот е апоплектичното расположение кое треба да го поттикне главниот лик да постигне исход кој ќе биде задоволително екстравагантен. Субјектот во предизвикот не смее да биде радикално екстравагантен и да ги ослободи целосно апоплектичките енергии, затоа што, ќе предизвика непосакуван исход. Ајакс е слободен да заколи се околу себе, затоа што, неговите жртви се објекти на мечтата, а не вистинските непријатели и тој потсвесно го знае тоа. Во двата случаи, фиксната компонента се соочува со два различни интензитети, поради кои трпи промени нејзината универзална појава. Таа ги поттикнува релативно успешно да ги достигнат целите. Егзистенцијално-социјалните констелации и нивните оригинални модели се совпаѓаат со архетипот од оваа перспектива. Архетипот како таков станува инваријантен затоа што се модифицираат неговите генерички фиксни компоненти во согласност со условите во егзистенцијално-социјалната констелација.
Од горните шеми и нивните можности гледаме дека архетипот може да се преместува во различни егзистенцијално-социјални констелации, под услов тие да се приспособат на него и да ги содржат неговите првостепени услови. Самоидентичните егзистенцијално-социјални констелации можат да ги менуваат сопствените околности без да ја нарушат генеричката основа на архетипот. Според тоа, инварираат и архетипот како таков и егзистенцијално-социјалните форми на архетипско пројавување. Генералната структура на архетипот се модифицира во зависност од егзистенцијално-социјалните околности и нивните конституции кои даваат (или наметнуваат) одредени дескриптивни траектории и основи, со кои се надминува, преобрзува или надградува генеричката форма на фиксните компоненти. Егзистенцијално-социјалните констелации пак, можат да варираат толку колку што генералната структура на архетипот е способна да ги надминува генеричките форми на фиксните компоненти и да ги „облекува“ во напредни дескриптивни појави. Генеричката форма на генералната архетипска структура е јадро на архетипот. Без неа се невозможни и интринзичните модели на архетипот како таков, ни егзистенцијално-социјалните форми што ја одразуваат генеричката и модифицирана појава на архетипот.
Архетипот е епивизуелна формација на сите сродни констелации од настани. Тој ги инкапсулира однапред сите можни претстави што го содржат на овој или оној начин. Егзистенцијално-социјалните форми го одразуваат во целост како нивна генеричка основа. Егзистенцијално-социјалните перспективи ги содржат неговите генерички делови кои се складни со нивните конкретни пројави. Сегменти од психофизичкото одвивање на егзистенцијално-социјалните констелации ги претставуваат фиксните компоненти на разни начини. Од појавата на сегментите во конкретната архетипска претстава и од начинот на кој сегментите можат да се опишат зависи како ќе се промени, или подобро, како ќе се унапреди генеричката форма својствена за фиксните компонентни што се совпаѓаат со опишаната појава на сегментите. Егзистенцијално-социјалните констелации се живописни и специфицирани корелати на архетипот. Затоа, тие се однапред дадени конкретни модификати на чиј дескриптивен потенцијал се приспособуваат генеричките фиксни компоненти.
Архетипот може да се премести трансгресивно, така што се модифицира со крупни чекори и инхерентно. Тој се преместува трансгресивно тогаш кога претставува наизменично два епитомски корелати. Неговата генеричка форма, односно неговата генеричка генерална структура останува иста, додека се менуваат само егзистенцијално-социјалните околности. Во исто време, се менуваат одредени описи и процеси, ама главните сврзни точки, не го менуваат поредокот и основната форма и интензитет на пројавување. Архетипот се преместува така што се модифицира со крупни чекори, секогаш кога, неговата генерална структура трпи крупни промени. Крупна промена е диверзификацијата на архетипот преку анализа на неговите првични егзистенцијално-социјални пројави, со цел да се претвори во средство на диспозиционални потфати. Оној што го користи архетипот инструментално на ваков начин, мора да стане свесен за тоа дека самиот живее во една од верзиите на класирано архетипско одвивање. Затоа, тој мора да пронајде златна средина, па да создаде таков модел на архетипско однесување кој ќе му помогне да го поправи архетипот што го живее со помош на архетипот што сака да го искористи за сопствени цели. Засегнатиот што го живее архетипот, ќе треба да се претвори во загатка, која може да се реши само со помош на архетип кој станува огледало на загатката. Живеениот архетип и архетипот-средство се од иста класа. Затоа не е тешко, загатката да се огледа во огледалото, а огледалото да ја одрази загатката. Огледалото има архетипска особина и е архетипска функција. Тоа им помага на луѓето да усвојат начини на дејствување кои можат да се препознаат во други околности и да ги менуваат во сопствена полза. Загатката е неизоставен дел од овој систем на полезно архетипско препознавање. Toa e coegi solutio (нагон за решение) кој помага да стане појасна антиципацијата на холизмот што луѓето го чувствуваат додека ја живеат специфичната архетипска формата. Само низ призмата на корелатот што ги поседува доминантните специфичности, холистичката непрегледност на живеената ситуација може да стане драстично појасна. Оваа архетипска конвергенција помеѓу огледалото и енигмата, ја претстави Св. Максим Исповедник, не во оваа борбена нарцистична конотација, туку во рамките на она што тој го нарекува мудрост, а значи: постојано стремење кон Бога.14
Освен ова, останува уште да се соопшти ситната промена и неформално да се раздели од крупната промена. Ситна промена е преобразбата на генеричките фиксни компонентни во други форми и описи кои ќе ги отсликаат точно егзистенцијално-социјалните аспекти што ги претставуваат. Ако основа, односно генеричка форма на фиксната компонента е навреденото пречувствително его, неговите состојби и реакции, тогаш, нејзината унапредена форма мора да го претстави и опише архетипскиот процес така како што се одвива во егзистенцијално-социјалната констелација.
Какви и да се егзистенцијално-социјалните констелации, колку и да го проширувааат, усложнуваат, возвишуваат и продлабочуваат архетипот, архетипот има генеричка генерална структура. Таа ги модифицира сопствените форми во контекст на генеричките наративни критериуми. Генерички наративни критериуми во случајот на субјектот се: работата во мирољубива организација, неопходноста да се врати одземената позиција на авторитет, природата на одговорноста што ја вршат узурпаторот и оштетениот и тн. Таквите критериуми кај Ајакс се поинакви. Секој од нив посебно, воспоставува констелација од животни односи, мотиви и дејствувања кои се неповторливи, зависат од мрежа од објективни околности и имаат своја психофизичка динамика. Овие полинарни соодноси каде мотивите, дејствувањата и животните односи се непосредно зависни од објективните околности и од предодредените потенцијали на психофизички динамики и непосредно произлегуваат од нив се нарекуваат генерички наративни критериуми. Навредата која се должи на украдениот објект на величината, создава предуслови за тип на дејствување, градење мотивации и исполнување на намери, поинаков од навредата која потекнува оид одземената позиција на авторитет. Елементарните разлики како овие целосно го превртуваат архетипот како таков и му наметнуваат самобитна форма, која не ги изневерува генеричките основи на генералната структура. Самото тоа што „понижените“ се врзуваат за одредени симболички објекти обелоденува различни карактери, кои воспоставуваат однос со опкружувањето според своите афинитети, слабости и неразрешени внатрешни дилеми. Симболичкиот објект крие некоја тајна која е поврзана со интимните пристрасности на оние што го избираат и се погодени од него. Објектите за кои понижените се врзуваат пристрасно ги осветлуваат фундаменталните особини на карактерот. Карактерот, заедно со објектот што ги разоткрива неговите мрачни тајни, се инхерентен дел од модификацијата на архетипот, ја сообликуваат интегралната околност и самите се претвора во генерички критериум на наративот што ги опфаќа сите лични и објективни карактеристики на архетипскиот модел.
Поедноставно кажано, генеричките наративни критериуми се основни карактеристики на архетипската модификација. Тие ја менуваат генеричката генерална структура, ѝ наметнуваат строги траектории и изгледи на развој, ги надградуваат описно нејзините генерички елементи (фиксните компонентни) и ги асимилираат последниве во нивниот корпус од критериуми за да ги претворат во второстепени критериуми. Така, генералната структура од генеричка ја претвораат во специфична. Првотепени критериуми се комплементарни единици кои ја претставуваат генерално интегралната околност. Генералната структура нуди еден јадрен генерички модел: оној што го живее архетипот наречен Ајаксов комплекс, се наоѓа во специфична животна ситуација, ситуацијата мора да произлегува од одредено понижување, понижувањето треба да се роди како последица на тоа што други му одзеле нешто скапоцено, тој мора силно да се вознемири заради тоа и осветата кон крадците треба да му стане животна преокупација. Генеричките наративни критериуми ја модифицираат оваа база така што ја конкретизираат. Конкретните корелати на генеричките фиксни компонентни што формираат конкретно конзистентно единство, се претвораат во критериуми од кои зависи самиот наратив. Фиксните компонентни се генерички се додека не се претворат во елементи на конкретната архетипска модификација. Ако една фиксна компонента се помести во рамките на друг чист архетип, или премине во некоја независна околност, таа ќе ја изгуби генеричката природа. Исто така, ако конкретната фиксна компонента која и припаѓа на една модификација се премести во друга која не е складна со чистиот архетип, ќе го изгуби примордијалното архетипско значење, бидејќи ќе се самизопшти од генералната структура на архетипот. Дури и да ги задржи сите описни карактеристики во ситуацијата што ја гради (тоа се случува често) заедно со други соконститутиенти, а не му припаѓа на чистиот архетип и на неговите модификации, таа повеќе нема да биде архетипска од контекстуален поглед. Веднаш штом, конкретните фиксни компонентни ќе му се придружат на конкретното единство, тие се претвораат во генерички елементи на архетипската модификација, бидејќи конкретното единство е епитом на архетипската модификација. Тие стануваат генерички затоа што се развиваат во согласност со динамичните околности во архетипската ситуација. Секој поединечен конкретен корелат на конкретното единство е второстепен критериум. Само преку наизменична споредба на поединечните конкретни корелати со конкретното единство составено од истите корелати, може да се детектира оригинална модификација на архетипот. Вака, односот помеѓу огледалото и енигмата се спушта на микроскопско рамниште.
23.
Сите овие согледби, поделби, класификации, распределби и регистрации го конституираат архетипот кој се саморазграничува, се прекршува, се преобразува, се развива и се одвива. Тие се центри на апсолутна и врамена диверзификација. Но архетипот е самодоволен систем од затворено-отворен тип. Тој е затворен затоа што не дозволува никој да чепка во неговата генеричка мапа. Тој е „масивна и модуларна концепција поврзана со одредена ментална архитектура“,15 или со други зборови, тој е тело на идеи што можат да се модифицираат во себе, затоа што, имаат конституција наречена генеричка генерална структура. Генералната структура пак, е вроден орган на архетипот, кој има специјална задача да процесира сродни информации и да ги решава проблемите на несклад што произлегуваат при процесирањето. Така, генералната структура работи по принципот на „природна селекција“. Нејзината статично-функционална структура е поставена врз кибернетско-биолошки основи. Во исто време, архетипот се отвора, затоа што сака да експериментира со сопствените законитости во рамките на нивната стандардна конституција. Генеричките фиксни компонентни и нивната неменлива структура што може да се модифицира инваријантно, се своевидни тела. Како „тела“ тие поседуваат информации кои имаат специјална цел.16 Нивната специјална цел е да пронаоѓаат егзистенцијално-социјални аспекти на соработка, во кои ќе се одрази нивната примордијална холистичка целина. Бидејќи се тела полни со исклучителни и исклучиви информации, тие имаат когнитивни структури и се одделни центри на селективно одлучување. Нивните когнитивни структури се доведуваат во врска со одредени аспекти сродни на нив. Оваа врска може да стане многу проблематична ако аспектите не се совпаѓаат со холистичкиот модел на компонентите и интегралната структура. Затоа, компонентите „се посветуваат да решат ограничена класа проблеми“ својствена само за односот помеѓу одредени аспекти и нивните когнитивни структури. Релационистичките проблеми што можат да се јават при однос на компонентните со отуѓените и поединечни аспектите се незаобиколно поврзани со холистичката визија и нејзините критериуми. Затоа, самите компонентни и нивните когнитивни структури се претвораат во видови компутациски механизми, кои имаат за цел, да ги соединат аспектите со холистичката целина со сопствени заложби. На пример, навредата која го води централниот архетипски фактор кон освета е една когнитивна структура. Таа бара егзистенцијално-социјални аспекти сродни со неа. Но тие не само што мора да бидат сродни, туку треба правилно да се соединат со останатите фиксни компоненти што ја формираат интегралната структура. Фиксната компонента одлучува, на пример, дека субјектот „навистина е навреден и сака да се освети, затоа што го покажува тоа на некаков начин“. Но таа избира дали ќе го интегрира аспектот во холистичката структура врз основа на сите останати околности кои треба да бидат потврдени од останатите фиксни компонентни, односно останатите фиксни компоненти треба да потврдат дека аспектот се вклопува во холистичката визија. Оваа напрегната неизвесност го присилува архетипот секогаш да биде отворен за опасностите и придобивките од опкружувањето.
Поединечните егзистенцијално-социјални околности се фрлени во чистиот архетип без да сакаат. Не му се наметнуваат и ги обликуваат сопствените потенцијали во согласност со околностите на архетипот кои им се однапред дадени преку генеричка генерална структура. Но колку и да е специфична, густа и богата со смисла експозицијата на егзистенцијално-социјалниот аспект или неговата целосна модификација, јадрото на генеричката структура останува непроменето. Таа ги преобразува условно, ги модифицира, унапредува, збогатува, осиромашува перманентните фиксни компоненти и холистичката основа, ама не може кардинално да се реконфигурира и да менува генерички елементи. Генералната структура се ослободува од префиксот „генеричка“ додека е вградена во модификацијата на архетипот, поточно тогаш, нејзиното јадро го затскриваат напредните форми на фиксните компонентни и нивните холистички врски. Чистиот архетип го следи овој тренд. Тој останува ист кога е сам со себе, и ја модифицира својата фиксна самоидентичност кога го репрезентира неговата модификација. Притоа, модификацијата не ги поместува фиксираните моменти, туку ги продлабочува и ги покажува од разни перспективи. Секоја произволна интервенција, или испуштање на една алка од јадрото составено од непоместливи генерички елементи, ќе го распадне архетипот. Околните динамики мора да и се потчинуваат на централната статика. Осветата може да биде позитивна или негативна, прифатлива или неприфатлива; во храброто однесување на субјектот може да преовлада инфериорноста или грандиозноста; и екстремната ранливоста и студеното самовоздигнување можат да биде корен на диспозиционалните потфати. Овие локални модификации на фиксните компоненти не менуваат ништо затоа што не го нарушуваат холистичкиот концепт на одвивање. Но ако субјектот се помири со загубената позиција на авторитет – архетипот веќе пропаднал. Ако го претстави однесувањето на противникот и самиот противник во подобро светло одошто е – на архетипот повторно му нема спас. Интервенциите и додатоците не мора да бидат радикални за да се случи катастрофа.
Архетипот како таков и генеричката генерална структура која е негово јадро и негова целина истовремено се како главна шумска патека. Таа ги доведува планинарите до центарот многу побрзо од кој-годе од кривулестите патчиња што се простираат по нејзините страни. Архетипот се скротува лесно како младенчето-ѕвер кое се нашло во гостопримлива цивилизација. Егзистенцијално-социјалните констелации се диви пространства покрај главниот пат, додека унапредените генерички моменти, додатоците што зависат од животната околност и сл., се како кривулестите патчиња кои се одделуваат од главниот пат, но ја следат неговата траекторија. Во оваа смисла, архетипот секогаш се поместува инхерентно холистички, како една нераспадлива и непреобразлива целина. Неговите структурирани потенцијали ги содржат сите соодветни модификации и се приспособени на нив однапред. Додека чистиот архетип крстари по соодветните модификации единствена негова граница е неговото примордијално битие. Последново пак, ги култивира разузданите наративни апетити на егзистенцијално-социјалните констелации.
Инхерентниот холизам му оди во прилог на грубото преместување на архетипот. Кога велиме дека архетипот се преместува инхерентно-холистички не велиме дека не зазема позиции и дека неговата генеричка генерална структура не се модифицира и не ги напушта генеричките облици. Облиците генерално остануваат фиксни, само се менува нивната „описна физиономија“ и „начините на нивна соработка“. Архетипот ја зема со себе генеричката генерална структура. Знае дека таа во текот на конвергирање со егзистенцијално-социјалните констелации (кои не можат да не бидат однапред архетипски) ќе ја модифицира нејзината генеричка и холистичка целина. Архетипот се вкопува во егзистенцијално-социјалната констелација со своето јадро и му дозволува на јадрото да се модифицира во согласност со холистичките предиспозиции на архетипот. Тој не може да не го земе јадрото со себе. Затоа секогаш се преместува инхерентно. Јадрото е секогаш една-иста генеричка генерална структура. Исто така затоа архетипот се преместува холистички. Дури и тогаш кога јадрото е веќе интегрирано во сопствените модификации кои зависат од егзистенцијално-социјалните констелации, неговата генерална структура е имплицирана во модифицираната архетипска целина.
Јадрото ги содржи чистиот архетип и генеричката генерална структура. Тоа сретнува на средината со егзистенцијално-социјалните форми предиспозиционирани да произведат модифицирана архетипска констелација. Тоа е компактно, односно претставува диференцијално структуриран и видливо распределен статистички систем, или организирана и унифицирана групација која од молекуларен збир се претвора во моларен монолит. Од друга страна, тие се, да ја позајмиме шизоаналитичката терминологија на Делез и Гватари, релативни соединенија и поединечности што наликуваат на распарчени хемиски формули и компоненти; тие се „нелокализирани врски и расеани локализации кои ги воведуваат во игра процесите на темпорализација, фрагментарните формации и посебните детали“.17 Јадрото е формативна единица. Неговите генерички норми определуваат која егзистенцијално-социјална форма се совпаѓа дескриптивно и логички со атрибутите на генералната структура. Егзистенцијално-социјалните констелации и сегменти се функционални потенцијали или средства, кои субјектот мора допрва да ги избере, издвои и организира за да види дали и припаѓаат на холистичката природа со која мора да се поистоветат додека ја формираат архетипската целина. Во целата оваа слика на сложени односи и соодноси, архетипот е иманентна формација, исто како дезидеративните машини во шизоаналитичкиот систем. Тој се грижи формативната единица и функционалните единици да соработуваат хромогено, односно „да се слеат во монтажата“18 што ја создаваат истовремено и со заеднички сили.
И покрај тоа, архетипот и дезидеративните машини се разликуваат драстично не толку според нијансите во генералниот тип на функционирање туку според тоа со каква цел се организираат на идентичен начин. Дезидеративните машини создаваат произволни егоцентрични и патолошки инсценации, од севкупниот материјал што им е достапен преку допирот со историографските хиерархии, социјалните системи, емпириското искуство, несвесните пориви и генетските навики. Тие немаат статистички систем што го соединуваат со релативните елементи на соработка и го користат како таков за да произведат инсценација по вкусот на големото Его. Во нив, самиот процес на функционално формирање се нарекува систем. Се што се формира сега и овде и во исто време се претвора во функционална инсценација е дел од системот на дезидеративните машини. Овој систем е недофатлив, негов единствен дескриптор што не кажува многу за неговата формална структура е флуидното јадро наречено „функционално формирање“. Колку е поспонтан, погуст и подинамичен текот на задоволителни инсценации, толку појасно е и подобро функционира иманентниот систем на формирањето кое функционира и на функционирањето кое формира.
Архетипот е иманентна формација поради следниве карактеристики. Најважно од се е тоа што архетипот има фундаментална координативна структура. Неговите координациски траектории се впечатливи затоа што самиот тој е истакен од самодинамичен статистички систем. Фиксните компонентни на генералната структура се статистички единици. Нивните локални односи формираат генерички сегменти на генералната структура. Тие се напредни и усложнети статистички делови. Генеричката холистичка целина е интегрална мапа, според која, субјектот ги координира напредните процеси на синтеза помеѓу потенцијалните модификации и генеричките целисходности. Координативниот систем е изграден од статистички единици. Да не беа организирани во генерална структура и да не прикажуваа одредена динамика ставена во рамките на истата структура, статистичките единици немаше да можат да се пројават самодинамично на организиран начин. Организацијата на дезидеративните машини на пример, е нестабилна. Тие нижат его-инсценации една до друга до бескрај. Инсценациите се организирани сами во себе, ама не и помеѓу себе. Постои парцијална координација, односно координација која се засновува на впечатокот на спонтан тек, а не врз идејата за градење конзистентни врски помеѓу его-инсценациите. Недостатокот од статистички мрежи кои имаат високоразвиена координативна улога затоа што се врамено динамични и организирани во еден интегрален, ама поединечен контекст, е проблем што дезидеративните машини не можат да го надминат.
Статистичките единици и делови, да не се пројавуваа самодинамично, немаше да може да се формира холистичката целина. За да биде самодоволна во функционална смисла и да има стандардна цел независно дали системот е од затворен или отворен тип, структурата мора да содржи елементи кои можат да воспостават динамика независна од нивниот двигател. Ваквиот начин на функционира и координација помеѓу деловите е холистички par exellence. Од друга страна, целината да не беше однапред замислена холистички, единиците и деловите немаше да можат да се пројават самодинамично. Немаше да постои стандардна структура на која ќе ги приспособат автоматските интеракции и насочените движења. Секоја самодинамична формација бара хомогена организација во која ќе се пројави и која ќе ја оправда. Сите овие се предуслови за создавање сложена формална целина која ќе се претвори во координативен ентитет.
Организацијата стекнува цврста форма, која ги трасира координатните патеки. Генеричките фиксни компоненти воспоставуваат интерактивни односи. Така ја формираат заедничката самодинамична структура. Какви што ќе бидат нивните поединечни конституции и нивните внатрешни односи и исти такви повеќе или помалку мора да бидат координативните патеки. Самодинамичната структура на архетипот ја произведува координативната улога на неговите компоненти. Откако вака ќе се затвори системот во себе, тој веднаш се отвора за надворешните влијанија, наречени архетипски егзистенцијално-социјални форми. Неговиот премин од затворен во отворен е префлексибилен. Но, самата постапка на соединување на самодоволните структури (генеричките состојби и контексти) и структурите-модификации (егзистенцијално-социјалните форми и констелации) бара и одзема огромни системски ресури. Претставата за генеративниот систем на дезидеративните машини е крајно наивна. Таа подразбира еден центар (за да биде посмешно и поневозможно центарот е обичниот човек), кој ги има сите планови во својата глава, па постигнува резултати веднаш штом ќе се добере до одредена предизвикувачка ситуација.
24.
Ако архетипот има формален статистички, координатен и според тоа, координативен систем, тогаш како се вклопува во идејата за иманентно функционално формирање? Тогаш постои еден хомоген производител и многу окружни потенцијали. Тоа е палка во тркалото на интринзични процеси и резултати. Архетипот и неговиот принцип на организирање и создавање мораат да бидат инхерентни на она што се произведува и на процесот на производство, за да се каже дека формираат функционално и функционираат формативно. Ако архетипот има хронотопска структура што го организира и координира периферното преку сопствените екстензивно воспоставени структури, структурата дури и да е хипотетички временска, просторна и материјална, нема да се совпадне со јадрото и во исто време да го претставува самиот процес.
Да не забораваме дека архетипот има иманентна структура со сопствени интринзични динамики. Таа се шири кон надвор за да ги зграби и приспособи на себе и артикулира соодветните егзистенцијално-социјалните форми. Притоа, тој не да излегува вистински од себеси и не ја изобличува перманентната генеричка основа додека излегува од себе инструментално и на илузорен технички начин. Архетипот е како првичниот двигател на Аристотел. Првичниот двигател е ум кој се мисли себеси и своето чисто добро во едно актуно и надкосмолошко време. За да се мисли чисто, умот мора да се ослободи од сите форми на онтичко постоење и да воспостави чист динамичен поредок составен од функции со помошни и изолирани улоги и функции со синтетични и синоптички улоги. Архетипот има токму таква формација. Тој се поистоветува со генеричката генерална структура, ја ослоодува од сите форми на егзистенцијално-социјалните околности и го задржува сопствениот иманентен и интринзичен поредок независно од тоа дали има чиста форма или е корелат на сопствените модификации.
За да почне да се трансформира во согласност со егзистенцијално-социјалните потенцијали и за да може да ги структурира на сопствен начин, архетипот мора да го помести своето јадро во полето што сака да го обработи. Додека го обработува полето тој се обработува и самиот себе. Генеричката непроменливост на генералната структура не го нарушува функционално-формативниот процес. Таа се менува толку колку што е способна да ги структурира егзистенцијално-социјалните потенцијали. Нејзината холистичка внатрешност останува непроменлива и го држи целиот процес. Но нејзините генерички форми се менуваат драстично додека се соединуваат со и комофицира со егзистенцијално-социјалните перспективи на единство. Јадрото, односно генеричката генерална структура е статично-динамичен и статично-еволутивен центар „составен од перформативни и регулаторни внатрешни мрежи“.19 Овие мрежи се грижат, тоа што се одвива во холистичката и генеричка внатрешност на архетипот да се уреди во согласност со неговите синтетични модификации од надворешноста. Затоа, тие се „изградени од функционални врски насочени конвнатре“, односно кон архетипот како таков и неговите модифицирачки потенцијали. Со други зборови, тоа што треба да се менува и модифицира, холистичката шема, се повикува на архетипот како таков. Тие го поттикнуваат архетипот да ги имплементира своите потенцијали (т.е. самите нив) во синтетичните егзистенцијално-социјални модификации, така што ќе почне да се менува преку самообуката и самогенерирањето што ќе ги иницира одвнатре“,20 тргнувајќи од самиот себе и од односот помеѓу генеричкиот и егзистенцијално-социјалниот холизам. Генеричката генерална структура го поттикнува архетипот да се самотрансфигурира, а со себе и преку себе да ја трансфигурира и неа. Така, архетипот стекнува „саморелационистичко искуство со неговата внатрешност“21 која се одвива во него. Цело вртење кон себеси и бавење со себеси во себе, е начин, архетипот да ја вгради специјалната структура во општите потенцијали за да може заедно со нив да го конституира полето на взаемна модификација и заедничката модификација-производ. Генеричката генерална структура го приготвува и го загрева архетипот за тој да може себеси, внатрешните потенцијали и надворешните потенцијали да ги сообрази со заедничката цел. И покрај тоа што, оваа постапка е наизглед изолаторска и изолирана, таа е неопходно „приготвување преку отстапување еден чекор наназад“, „период на пресудна консолидација“, „незаобиколна инкубација“. Преку постапката, архетипот целосно се солидаризира со општите потенцијали, процесот на функционално форматирање и формативно функционирање го изедначува со себеси апсолутно без да ја изгуби централната и примарно-потентна улога. Со тоа, ѝ останува верен на генералната конституција на дезидеративните машини.
Овој најфундаментален систем на конкретно самопроизводство и подготовка за конкретно самопроизводство се сообразува со механизмите на интуицијата in natura и развива сопствен метафизички метаболизам. Архетипот и неговите примордијални структури се вградуваат во процесот на создавање модификации; и се претвораат во функционално-формативни единици заедно со егзистенцијално-социјалните аспекти, перспективи, можности, сегменти и констелации; стануваат динамични корелати на самиот процес и му се интринзични, ги слеваат своите механизми во него и се соединуваат репродуктивно со егзистенцијално-социјалниот потенцијал.
Архетипот следи една стандардна траекторија. Тој се поместува од едно место на друго затоа што има масивна холистичка конституција. После тоа, воспоставува конструктивен однос со сопственото генеричко јадро, за најпосле да ги соедини свои консолидирани иницијативи со потенцијалите кои треба да ја модифицираат синоптичката, изоморфна и чиста структура и да ја препроизведат на конкретен начин и со тоа да го трансфигурираат архетипот во целост. Тополошките афинитети играат крајн ограничена улога, бидејќи архетипот се сместува во празно, односно чисто поле, во кое треба да ги привлече потенцијалите и да почне да се развива заедно со нив од основата. Поважна е моќта на привлекување асоцијации, отколку околноста во која ќе се најде архетипот. Така, архетипот ја конституира сопствената функционално-формативна задача. Која позиција и да ја заземе, во кое поле и да се смести, или премести, архетипот ги носи со себе своите привилегии. Чистата изоморфна конституција укажува на фактот дека постојат ограничен број фиксни компоненти со еден унифициран поредок. Чистата синоптичка претстава грубо ги истакнува унифицираниот поредок и распоредот на фиксни компоненти во него. Генеричката генерална структура ги запоставува сите терминални целости и холистички впечатоци, за да ги озрачи инфраоптички сложените поединечности во шемата што ја формираат фиксните компоненти. Кој умее да ги чита овие генерални аспекти на парадигмалниот архетип, ќе умее да ги спореди произволните класи од слики и да покаже кои од нив се матрично складни со специфичната универзалија на дадениот архетип. Матричниот потенцијал на сликите зависи од интринзичните корелати на архетипот. Во оваа смисла, архетипот е „однапред самоконституиран и се самогенерира во контекст и во рамките на неговата непосредна онтолошка зафрленост“.22
Архетипот се обидува да состави егзистенцијално-социјални сегменти што се совпаѓаат структурно со неговиот холистички потенцијал. Или ја произведува во себе конкретната холистичка целина, односно ја трансфигурира холистичката шема на фиксните компоненти, доколку има некаков флуиден „нацрт“ составен од онтички појави. Во двата случаи, на архетипот го чекаат потешкотии од функционално-формативен тип. Тој се соочува со низа сродни неизвесности. Неговите прокреативни предлози и соблазни моќ е толку голема, што субјектот попрво би умрел, отколку да ја изневери огнената љубопитност и да не ја види модификацијата-производ. Затоа, архетипот раководи, ја координира и артикулира соработката помеѓу генеричката генерална структура и егзистенцијално-социјалните описи, форми, околности и модификации. Неговото јадро како статистички систем составен од фиксни компоненти со формален и предстабилизиран поредок, го потчинува функционалното формирање. Се што се формира и функционира во таквата динамична форма, е симулакрум на интегралната генеричка структура. Егзистенцијално-социјалните сегменти и констелации се фрагментарни и се стремат да го преплават статистичкиот систем на јадрото. Нивното фрагментарно пројавување е релативно, исто колку обидот да се стават во фактички просторен сооднос микроскопските и макроскопските димензии. Масивната целина може да биде фрагмент голем колку дејствувањето, а чувството отпечатено врз телото може да се претвори во целина поголема од незамисливата протежност на вселената. Тоа ќе биде така се додека егзистенцијално-социјалните потенцијали не се доведат во меѓусебен организацион, перформативен и структурен склад со холистичката и генеричка целина на чистиот архетип.
Генеричката генерална структура е самоорганизирана и следствено, самодинамична. Но и таа му подлежи на првичниот формативно-функционален хаос. Без оглед колку е консолидирана во себе, таа ќе го наследи проклетството и ќе го носи печатот на хаосот се додека не се модифицира во онтичките пројави на архетипот. Таа не поседува однапред листа со егзистенцијално-социјални описи, можности и квалитети во кои ќе препознае одредени синтетични потенцијали. Поради тоа, не нуди никаква форма на онтичко-генеричка соработка помеѓу егзистенцијално-социјалните нешта и фиксните компоненти. Нема сегменти од структурата на онтичките и генеричките корелати и врски. Затоа, колку и да се веродостојни сами по себе, што значи онтички да се совпаѓаат со поединечни генерички форми на генералната структура, последниве не се пројавуваат во констелации кои ќе состават барем дел од архетипската модификација. Генеричката генерална структура мора да се снаоѓа и да се приспособи на хаотичните околности, да ги провери и да ги расчисти за да создаде холистичка структура во која ќе ги соедини онтичките и генеричките сегменти. Тоа не е како комбајнот што ги жнее полињата, бучно, гордо и на растојание, туку како човек кој тоне во жив песок и се обидува да ги осмисли последните моменти од својот живот. Безизлезната ситуација на човекот потсетува на иницијалното функционално-формативното поле. Тоа ги соединува процесот и централниот фактор во една неделива, псевдодинамична и длабоко интерактивна корелација полна со интринзична смисла.
- Хайдеггер M., Цолликоновские семинары, Вилнюусь, 2012, с. 114-124. ↩︎
- Ако интуицијата се вмеша во одредена визуелна содржина, во неа со себе ја пренесува трансцендентната иманенција. Бидејќи последната ќе си има работа со конкретни нешта и ќе треба нив да ги третира и од нив да извлече нови значења, нема да биде чиста. Истото важи и за антиципацијата. Во рамките на чистата интуиција и антиципацијата е чиста. Ако интуцијата се занимава со конкретни нешта, антиципацијата се асоцира со истите нешта, иако бара нови модалитети. ↩︎
- Честертон Г. К., Вечни човек, Бернар, Стари Бановци, 2015, 186 стр. ↩︎
- Allport, F. H. (1954). The structuring of events: outline of a general theory with applications to psychology. Psychological Review, 61(5), 281. ↩︎
- Ibid, 300. ↩︎
- Ibid, 288. ↩︎
- Rosenzweig, S. (1976). Aggressive behavior and the Rosenzweig Picture‐Frustration (P‐F) study. Journal of Clinical psychology, 32(4), 885-891. ↩︎
- Gurević A., Problemi narodne culture u srednjem veku, Grafos, Beograd, 1987, с. 205-206. ↩︎
- Ilona, B. (2021). Archetype and matrix image (potential forms of an image). Вестник Санкт-Петербургского университета. Философия и конфликтология, 37(1), 159-160. ↩︎
- Richards, R., Doniger, W., Galison, P., & Neiman, S. (2016). Objectivity and the theory of the archetype. What Reason Promises: Essays on Reason, Nature and History. De Gruyter, Berlin, 32. ↩︎
- Ibid, 35. ↩︎
- Ilona, B., Archetype and matrix image (potential forms of an image), 160. ↩︎
- Niče F., Filozofija u tragičnom razdoblju grka, Grafos, Beograd, 1985, s. 20. ↩︎
- Аспекти философске и теолошке мисли Максима Исповедника, Луча, Никшич, 2006, с. 243-244. ↩︎
- Jones, R. A. (2003). Mixed metaphors and narrative shifts: Archetypes. Theory & psychology, 13(5), p. 662. ↩︎
- Ibid, 662. ↩︎
- Делез Ж. и Гваттари Ф., Анти-Эдип: Капитализм и шизофрения, У-Фактория, Екатеринбург, 2008, с. 452. ↩︎
- Ибид, 451-452. ↩︎
- Mills, J. (2020). On the origins of archetypes. International Journal of Jungian Studies, 12(2), p. 3. ↩︎
- Ibid. ↩︎
- Ibid. ↩︎
- Ibid 4. ↩︎
Leave a comment