ОДРЕКУВАЊЕ: Аудио материјалите подолу се текстови обработени со алатката NotebookLM. Авторот не се согласува со формулациите на јазичниот модел кои асоцираат на атеистички, еволуционистички и чисто технолошки парадигми, а се резултат на програмираните начини на „мислење“ својствени за дигиталните соговорници. Интуицијата и сите нејзини функции се природни фактори кои се разгледуваат низ призма на приказни, симболични претстави, фантастични филмови, теолошки метафори и сл. Ниедна симболична синтеза не треба да се разбере како проповедање херметичка метафизика или како обид да се создаде гностички систем на самообожување. Исто така, овие синтези не се повик да се практикува трансцендентална или било-каква медитација. Во склоп на ова, авторот го отфрла манихејството и не го става во центарот на природата и нејзините пројавувања. Цела идеја е да се скенира и разобличи зороастријанскиот менталитет. Способностите на душата објективно функционираат на начинот на кој се опишани секаде каде што не играат патолошка, окултна и езотерична улога. Како последица, симболизмот е алатка за илустрација на интуитивните функции. Не е еманација на космичкиот Ум што раководи синхроницистички со способностите на душата. Лингвистичкиот модел што ги обработува содржините автоматски и еуфемистички ги прикажува скандалозните стремежи на апстрактниот субјект какви што се помамата, доминацијата, моќта, надвладувањето, супериорноста, надмоќта и сл. како ставови на авторот (преку негова имплицитна асоцијација со текстот), иако тие се косат со неговите длабоки уверувања.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Ограничувањата на оваа алатка се големи, независно од тоа колку вешто ги претвора философските вистини во соодветни метафори. Таа ги цепка содржините и нема прегледност врз интегралната смисла на напишаното. Придобивка е тоа што со неа пишаните текстови добиваат популарна форма. Оваа форма станува привлечна затоа што разговорно се пренесуваат деловите и се толкува текстот. Така, сложените идеи стануваат достапни за поголем број слушатели и можат полесно да се „преџвакаат“.
ПРИМОРДИЈАЛНА АФЕКТИВНА ФОРМАЦИЈА НА ИНТУИЦИЈАТА НИЗ ПРИЗМА НА ПРИКАЗНАТА ЗА „ВОИНОТ И СМРТТА“
ВТОР ДЕЛ
Продолжува…
Leave a comment